• Latest

Алијанса за Албанците најави дека излегува од Владата, Заев вели оставките се очекувани

December 28, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алијанса за Албанците најави дека излегува од Владата, Заев вели оставките се очекувани

December 28, 2017 08:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Алијансата за Албанците најави дека излегува од Владата и оти најверојатно денеска сите заменици-министри, државниот секретар во Министерството за правда, како и именуваните директори ќе се повлечат од функциите.

Заминувањето на Алијансата за Албанците од Владата доаѓа неколку дена по изборот на новиот министер за здравство, ресор кој до пред локалните избори го имаше Арбен Таравари.

Во замена за здравството, премиерот Зоран Заев на Алијансата за Албанците и понуди вицепремиерско место за спроведување реформи, но лидерот на Алијансата, Зијадин Села го одби.

И покрај одлуката да си заминат од Владата, од Алијансата најавија дека ќе ги поддржат законите и реформите неопходни за членство во НАТО и во ЕУ.

Премиерот Заев како очекувани ги оцени оставките на функционерите од Алијансата за Албанците на државните функции.

„За мене е логичен чекор заради тоа што Зијадин Села на состанокот во мојот кабинет беше дециден дека не прифаќа потпретседател на Влада за реформи. Сепак остави можност да дискутираат во партијата, а тоа го направија. Се понадевав дека ќе останат во Владата и дека ќе доразмислат за понуденото место, но веројатно конечно се откажале од прифаќањето на понудата, а согласно тоа ги прави чекорите за повлекување на своите луѓе“, рече вчера Заев одговарајќи на прашање по промоцијата на финалната верзија на Планот за економски раст.

Тој нагласи дека ќе ја почитува одлуката на Алијансата за Албанците каква и да биде, но сепак како што кажа, остава отворен прозор за соработка во интерес на граѓаните и реформите.

„Сметам дека таму има квалитетни луѓе со кои јас лично би соработувал. Јас не сум човек што брза со одлуките веднаш некого да разрешам и ќе почекам да видам што ќе се случува“, потенцира Заев.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Алијанса за АлбанцитеЗијадин СелаЗоран Заев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ