• Latest

Џалев: Дописот од Бектеши е намерна провокација!

August 5, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Џалев: Дописот од Бектеши е намерна провокација!

August 5, 2017 11:20
in Uncategorized, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера испрати допис до Центарот за развој на југоисточниот плански регион, односно, до општините каде се одржани референдуми (Гевгелија, Богданци и Дојран), како и до општина Валандово каде треба да се одржи референдум на 20 август.

 

Во дописот стои дека постапките за доделување на концесии за отворање на рудници се водени согласно законските одредби, а тоа подразбира дека пред доделувањето на концесиите се побарани мислења од сите релевантни институции, меѓу кои и од општините на чија територија се наоѓаат концесиите. Од општините се добиени позитивни мислења за доделување на концесиите за вршење на геолошките истражувања и за експолатација на минералните суровини.

 

„Во Законот за минерални суровини, како и во Законот за концесии и јавно приватно партнерство, нема основ за едностран раскин на договорот за концесија од страна на концедентот, односно Владата на РМ, поради реализиран референдум или пак, граѓанска иницијатива, против започнувањето со експлоатација на веќе доделени концесии за експлоатација на минерални суровини. Во насока на конечно решавање на ова прашање, Владата на РМ како концедент, заедно со Министерството за економија во соработка со сите засеганати страни, ќе треба најпрво да обезбеди стручни мислења и анализи, а потоа да се изнајде решение во рамките на законот“, стои во дописот од министерот Бектеши.

Министерството за економија направи анализа на законските одредби кои го регулираат ова прашање и оттаму потенцираат дека ова не е став на Министерството.

„Имајќи предвид дека согласно законските одредби, концедент е Владата на Република Македонија, а Министерството за економија е орган на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, конечниот одговор и став по ова прашање мора да произлезе од Владата, поточно решение ќе мора да се изнајде помеѓу Владата, Министерството за економија и останатите засегнати страни“, се вели во дописот.

Јован Џалев

Јован Џалев, еден од иницијаторите за референдумите во Богданци и Дојран, за ЦИВИЛ Медиа, вели дека дописот од Министерството за економија не кажува ништо ново.

„Ние сме свесни дека референдумите немаат обврзувачки карактер. За мене е многу поважен вториот пасус од дописот. Тој вели дека референдумите нема да ја решат работата, туку допрва, Министерството ќе мора да почне да работи на изнаоѓање решение во соработка со сите засегнати страни. Дали тоа ќе значи плаќање пенали, или пак одземање на А-дозволите, или пак, ќе се пронајде некое друго решение, тоа е веќе работа на Министерството, ние сме тука да помогнеме“, вели Џалев.

Тој истакна дека овој допис го сфаќа како еден вид притисок, и обид да не успее референдумот во Валандово овој месец. „Тоа се тие познати лоби-групи, нам ни е сè јасно, веќе работат, но иницијативите ќе бидат успешни!“, изјави Џалев.

А дека граѓаните нема да се демотивираат со ваквиот допис, зборуваат и соопштенијата на неколку иницијативи против рудниците.

Иницијативата „Спас за Козјачија“, која активно работи за стопирање на можната изградба на рудник во Старо Нагоричане, но вети и поддршка на иницијативите од Југоистокот, на својот Фејсбук профил напиша: „Референдумот е најмоќното оружје на демократијата. Ниту една власт, во едно демократско општество не смее да оди спротивно од референдумската одлука, која е израз на граѓанската волја. Посебно кога се работи за најважните нешта: животот, здравјето и животната околина. Иако Владата на РМ, сè уште јавно нема заземено официјален став во врска со референдумските одлуки за отворање на рудниците на смртта, ние нагласуваме дека каква пречка и да се испречи пред нас, ние ќе бидеме решителни и непоколебливи и ќе одиме до крај, нема да дозволиме отворање на рудник на смрт во близина на нашите домови. Топло се надеваме дека Владата ќе ја испочитува волјата на граѓаните“.

Иницијативата „Здрава Котлина“, пак се повикува на член 2 од Законот за референдум кој гласи: „Одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна“.

Оттаму велат дека како засегната страна, уште отсега ја даваат својата стручна партиципација, а ваквото соопштение го сметаат за намерна провокација која има за цел да изврши демотивација и психолошка опструкција за престојните референдуми во Валандово и Струмица (Босилово и Ново Село).

Во Југоистокот  се одржаа референдуми во Гевгелија, Богданци и Дојран.  ЦИВИЛ – Центар за слобода ги набљудуваше сите три референдуми кои поминаа без поголеми проблеми. По референдумот во Боданци, Општината го повлече решението за рудникот во Казандол. Во Гевегелија и Богданци беа забележани, помали технички недоследности, додека во Дојран мониторинг тимовите на ЦИВИЛ забележаа и притисоци врз населението да не излезе на референдум и истиот да се прогласи за неуспешен. До самиот крај на референдумот, излезноста беше помала од очекуваното, со што се доведе во прашање неговата успешност. Крајните бројки покажаа излезност на само 25 граѓан(к)и повеќе од потребните половина од населението!

ЦИВИЛ ќе го мониторира и референдумот во Валандово кој ќе се одржи на 20 август, каде иницијаторите на референдумот очекуваат жестоки притисоци врз населението од страна на локалната власт, за бојкотирање на референдумот.

Најавени се и референдуми во струмичките општини Босилово и Ново Село, за кои советите на општините допрва ќе одлучуваат.

Маја Ивановска

 

Tags: дописКазандолКрешник БектешиМинистерство за економијапритисоциреферендумирудници
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ