• Latest
Н. Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија, Конференција „Одбрана на демократијата и човековите права„, Скопје, 12 декември, 2024 година
Фотографија: Роберт Атанасовски

Амб. Петра Дрекслер, Германија: Станува се потешко да победи логиката кога сите бараат лесни решенија

December 12, 2024

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Амб. Петра Дрекслер, Германија: Станува се потешко да победи логиката кога сите бараат лесни решенија

December 12, 2024 10:32
in ДЕМОКРАТИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Н. Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија, Конференција „Одбрана на демократијата и човековите права„, Скопје, 12 декември, 2024 година
Фотографија: Роберт Атанасовски

Н. Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија, Конференција „Одбрана на демократијата и човековите права„, Скопје, 12 декември, 2024 година Фотографија: Роберт Атанасовски

Share on FacebookShare on Twitter

Н. E. Петра Дрекслер, Амбасадорката на Сојузна Република Германија, во своето обраќање на отворањето на меѓународната конференција на ЦИВИЛ-Центар за Слобода во соработка со Медиа ДИАЛОГ/ Y4M  „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, изјави дека бранењето на демократијата и човековите права е клучен принцип и морална и правна обврска не само на ЕУ туку и на другите земји. А,  слободата на печатот е услов и барометар за почитта на човековите права, истовремено е и столб на демократијата.

Тешко е да се справиме со дезинформациите. Станува се потешко да победи логиката кога сите бараат лесни решенија. Овде во регионот има многу дезинормации. Може да се утврди дека 10% од дезинформациите  доаѓаат од Русија овие дезинформации ги засилуваат политичките партии.

Сакаме да ја заштитиме нашата демократија и треба да се заштитиме од овој предизвик.

Од април 2023 година, Петра Дрекслер е германска амбасадорка во Северна Македонија. Имаше клучни дипломатски улоги, вклучително и водечка улога во културната надворешна политика во германското Федерално Министерство за надворешни работи (2019-2023), раководејќи со медиумите и културните односи во Северна Африка и Блискиот Исток (2015-2019) и служеше во Женева. Дамаск и Истанбул. Со експертиза за меѓукултурен дијалог и меѓународна соработка, нејзината кариера се протега преку две децении посветена услуга.

На меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права пред лицето на војна, национализам и авторитаризам“ учествуваат  експерти, носители на одлуки, лидери на граѓанското општество и новинари од целиот свет.

Овој значаен настан ги истражува клучните закани за демократијата, вклучувајќи ги последиците од војната, растот на национализмот и ширењето на авторитаризмот. Учесниците развиваат стратегии за заштита на демократските институции и човековите права во услови на силни предизвици во регионот и во целиот свет.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ