• Latest

Амбасадорите очекуваат итен избор на одговорна влада!

March 20, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Амбасадорите очекуваат итен избор на одговорна влада!

March 20, 2017 15:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред утрешната посета на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, дел од амбасадорите во Македонија, ги истакнаа своите очекувања за формирање на нова влада, како единствен начин, земјата да се врати на патот кон Европската унија и НАТО.

Австриската амбасадорка Ренате Коблер, изјави дека одолговлекувањето на составување на влада ќе се рефлектира врз сите сфери во општеството.

„Се надевам дека наскоро ќе дојде до создавање на нова влада. Во секоја смисла, за една земја не е добро кога формирање на влада трае многу долго, тоа има влијание врз сите институции во целата земја… Наскоро се надевам дека ќе почнат да фунцкионираат институциите – владата, Собранието, институциите на локално ниво, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на оваа земја“, изјави австриската амбасадорка, Коблер.

За францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, сите пријатели на Македонија, меѓу кои е и Франција, очекуваат силна и единствена Македонија.

„Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија, Македонија која ќе биде почитувана со нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и нејзиното единство. Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата“, смета Тимоние.

И на минатонеделната средба со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на која  се разговарало за справување со предизвиците во сферата на медиумите, амбасадорот Тимоние потецираше дека со посебно внимание ја следи политичката криза и дека очекува брзо решавање на проблемите во Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЈоханес ХанКристијан ТимониеНАТОполитичка кризаРенате Коблер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result