• Latest

Амбасадорката Алтхаузер: Изборите се само еден од многуте чекори за враќање кон ЕУ перспективата

March 18, 2016

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Амбасадорката Алтхаузер: Изборите се само еден од многуте чекори за враќање кон ЕУ перспективата

March 18, 2016 11:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Д. Алтхаузер со воведно обраќање ја отвори експертската панел дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода на 17 март 2016. 

Ви благодарам многу што ме поканивте да ви се обратам за многу жешка тема.  Јас навистина го поздравувам  денешниот настан.

Побаравте некои воведни забелешки во однос на многу широка тема. Ќе имате три рунди на прашања/теми,  за целокупната ситуација, за договорот  од Пржино и за клучните  пречки. Опсежна агенда, навистина.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=66vox4sr8xM[/youtube]

Дозволете ми да започнам со зборовите дека ми се допаѓа името на вашата организација : ЦИВИЛ. Латинската основа на ЦИВИЛ  доаѓа од зборот civis – државјанин – односно, лица кои учествуваат во политичкиот процес, дебатираат, бараат и ги бранат своите права како граѓани. Разликата во францускиот јазик помеѓу  “citoyen” и буржоазија е смислата на зборот: буржоазијата  можеби има некои права во поглед на поседување сопственост, но (citoyen) – граѓанинот, всушност, се залага за учество, како и за еднаквост, слобода и солидарност.

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер
Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер

Плурализмот на ставови и мислења е клучот за една жива демократија. Единствено  преку конкуренција на  концепти може да се најде вистинскиот. Спротивставените  ставови не се закана, туку  треба да се гледа на нив како покана за дебата и размена.  Живописно граѓанско општество е одлучувачки генератор за општеството како целина и особено, за политичкиот систем.

Граѓанското општество е широко прифатен  концепт, како што можев да посведочам од аспект на учесник во голем број на настани. Она што недостасува е врската меѓу  многуте добри идеи, кои беа артикулирани (изразени) и нивна имплементација. Ве охрабрувам да вложите максимални напори во барањето на одговорност од пратениците од вашиот регион или вашиот град.

Договорот од Пржино е активен (жив) и некои делови се веќе спроведени.  Многу други се уште се во тек.  Никој не знае дали ќе има избори на 5-ти јуни. На тој датум  е роденденот на Игор Стравински, во секој случај , тој факт е сигурен.

Настрана шегите, изборите не означуваат крај на еден процес, изборите се само еден од многуте чекори кои Македонија треба да ги преземе за да ја поврати својата евро-атлантска перспектива.

Секоја влада која ќе се создаде по изборите, ќе биде повикана на одговорност во однос на евро-атлантските политики, врз основа на обврските предвидени во договорот. Тие вклучуваат итни приоритетни реформи, Извештајот на Прибе и препораките содржани во извештаите за напредок.

Краткорочни обврски се расчистување на Избирачкиот список, балансирано медиумско известување и одвојување на партијата од државата – што ќе означи крај на заплашувањето на гласачите од јавни и државни службеници.  Овие обврски ќе бидат клучни за барем да ги надминеме  пречките кон веродостојни избори. Некои од чекорите се преземени, но понатамошен напредок во сите три области е од големо значење за да им се даде еднаква и фер шанса на сите политички партии на изборите.

Еден многу позитивен  чекор беше постојаното критикување кое граѓаните го упатуваа кон Избирачкиот список. Граѓаните сега имаат обврска да се надоврзат на нивните жалби и да обезбедат дека Државната изборна комисија ќе постапува според нивната волја. Се надевам дека сегашниот активизам ќе се зачува и ќе води кон посилна вмешаност на граѓаните во други политички области.

Германската амбасада со гордост дава поддршка за проектот “Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани”, проект кој ја подигна јавната свест за проблемите на национално ниво и создаде услови за да се слушне гласот на граѓаните.

Проектот “Напред” пак, овозможува долгорочно набљудување и следење на изборите, граѓанското образование и мобилизација на граѓаните и кревање на свеста.

Продолжете со добрата работа и ви посакувам успех во понатамошното водење на проектот!

Tags: Кристине АлтхаузерНАПРЕДпанел дискусијаплурализамполитичка кризаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ