• Latest
Фото: Х

Амбасадорката Дир: И покрај војната, во Украина започна нова учебна година, многу училишта се уништени од државата-терорист

September 2, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир: И покрај војната, во Украина започна нова учебна година, многу училишта се уништени од државата-терорист

September 2, 2024 15:08
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 922 ден од од почетокот на  руска инвазија се огласи преку својата сметка на Х со објава за конинуираниот руски ракетен терор врз цивилни цели во Украина и главниот град Кијив на денот на почетокот на учебната година.

«Ден 922. Ракетен напад од рф врз Кијив. И покрај војната, во Украина започна нова учебна година. Многу училишта беа уништени од државата-терорист рф – обновуваме нови. Продолжуваме со изградба на засолништа во училиштата», напиша амбасадорката Дир.

Ден 922. Ракетен напад од рф врз Кијив. И покрај војната, во Украина започна нова учебна година. Многу училишта беа уништени од државата-терорист рф – обновуваме нови. Продолжуваме со изградба на засолништа во училиштата.#RussiaIsATerroristState #StandWithUkraine pic.twitter.com/I5Vr9Qoh6E

— Larysa Dir (@dir_larysa) September 2, 2024

Како што објави Градската воена управа на Кијив на Телеграм, фрагменти од руски проектили, кои утрото на 2 септември беа соборени од украинската противвоздушна одбрана, паднаа во сите квартови на Кијив, при што три лица беа повредени.

Како што пренесува Укринформ, рускиот напад врз главниот град беше комбиниран – со крстаречки и балистички ракети. Воздушната тревога траеше речиси два часа.

Украинските сили за воздушна одбрана ги соборија проектилите, но остатоците паднаа во неколку области на главниот град.

Четири автомобили и една нестанбена зграда се запалија во областа Свијатошински. Засега пожарот е изгаснат. Оштетена е и метро станицата.

Остатоци паднаа и на нестанбени згради во областите Холосиевски и Шевченковски. Пожарот е изгаснат.

Падот на остатоци е забележан и во областите Подилски, Десниански, Оболонски, Днипровски и Соломиански. Без последици.

Како што објави одделот за комуникации на киевската полиција на Фејсбук, фрагменти од проектил биле пронајдени и на територијата на две градинки во областите Десниански и Днипровски; исто така, оштетени се пет противпожарни возила.

„Во нападот нема жртви, но три лица се повредени: 32-годишен маж и 19-годишна девојка се хоспитализирани, друга жртва, 24-годишен локален жител, е укажана на на самото место“, соопшти полицијата.

Драган Мишев

Tags: руски ракетен терор врз Украинаукраинската амбасадорка Лариса Дир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ