Пратеникот Амди Бајрам вчера заспал во Собрание. Тоа беше главна тема на социјалните мрежи, а коментарите беа дека Амди Кока-Колата спие во Собрание и си зима огромна плата, додека обичните граѓани работат за мизерна минимална плата колку да преживеат…
Никогаш не помислив дека ќе бидам во ситуација да посакам да застанам во одбрана на Амди, ама…
За ваков сеирџиски народ и добро е што имаме вакви пратеници. Ќе имавме многу поодговорни народни претставници доколку вчера наместо главна тема да е „заспаниот Амди“ во празна собраниска сала, да беше – Каде се пратениците и зошто не ја одржаа седницата за Законот за јазиците?
Ама тоа не е битно, најбитно е тоа дека Амди спие! А што требаше да први во празната сала, додека ги чекаше останатите пратеници да се појават? Можеби требаше да излезе на говорница и да си држи говор сам на себе?! Да игра оро?
На крај, за мене многу поважно од тоа што сонувал Амди додека спиел во Собрание е – Кога пратениците ќе ги вратат парите што ги земале за патни трошоци и ќе поднесат ли некаква одговорност?