Човекот сам си кажа каде мисли да ја води Америка. Иронично, го нарекуваат „претседателот на САД“, а неговото богатство што се проценува дека ќе достигне еден трилион долари најдоцна до 2027 година, му овозможува и да изгледа така.
Илон Маск, чиј поздрав во наци стил од сцената во Арената Капитол 1 предизвика критики и згрозување од целиот свет, на својата платформа каде што има повеќе од 213 милиони следбеници во моментов, напиша дека „Америка оди на Марс“, и залепи краток видео клип каде што се гледа дека е многу среќен.
🇺🇸🇺🇸 AMERICA IS GOING TO MARS 🇺🇸🇺🇸
— Elon Musk (@elonmusk) January 20, 2025
Се разбира, за да го оствари својот сон, тој нема да ги употреби (само) своите, туку и парите на американските даночни обврзници.
Велат, за успешните, богатите и моќните само небото е лимит. За Маск тоа е само едно скалило до остварувањето на неговите планови на кои ни небото не им е лимит. И во кои нема место за сочувство и солидарност со обичниот човек во САД или било кое друго место на оваа планета.
Среќен пат, Илон. Да се надеваме дека ќе заминеш за Марс час поскоро.
Џабир Дерала