• Latest
Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон-Јаин

Ами Ларсон-Јаин: Шведска ќе продолжи со помошта кон Украина, вашата кауза е и наша кауза

February 26, 2024

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ами Ларсон-Јаин: Шведска ќе продолжи со помошта кон Украина, вашата кауза е и наша кауза

Во интерес на мојата земја е сите кандидати земји да се приближат што поскоро кон членството во ЕУ., рече Ларсон-Јаин.

February 26, 2024 13:01
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ТОП 5
Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон-Јаин

Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон-Јаин

Share on FacebookShare on Twitter

Шведска дава безрезервна поддршка на битката на Украина за враќање на мирот и демократските вредности како и нејзиното членство во Европската унија, истакна амбасадорката на Шведска Ами Ларсон-Јаин во своето обраќање на мултимедијалната конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Една демократска земја беше нападната од авторитарна држава, а таа се спротистави. Ако сакаме да живееме во мир и демократија треба и да ги браниме овие придобивки. Поддршката на Шведска кон Украина од самиот почеток е безрезервна, тоа го покажавме со повеќе пакети помош, а и најновиот што неодамна го изгласа владата на Шведска. Исто така ги поддржуваме санкциите на Европската унија кон Русија, како и можноста замрзнатите руски средства да се користат за помош кон Украина“, рече Ларсон-Јаин во својот говор на денешната конференција.

Според неа дури и во услови на војна Украина успешно работи на реформите и напредува на патот кон ЕУ.

„Добро е познато дека геополитичката ситуација наложи да се забрзаат реформите, Украинците се реформираат како животот да им зависи од тоа, што всушност е и така.  Во интерес на мојата земја е сите кандидати земји да се приближат што поскоро кон членството во ЕУ., рече Ларсон-Јаин.

„Живеевме тешки времиња, Шведска ќе продолжи со помошта кон Украина, бидејќи вашата кауза е и наша кауза.“, заклучи таа.

Конференцијата се одржува денеска во Музејот на македонската борба за независност.  Меѓу говорниците на конференцијата во првиот дел беа и македонскиот претседател Стево Пендаровски, Амбасадорката на Украина Лариса Дир, премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, министрите Бујар Османи и Славјанка Петровска и други високи претставници на државните институции. Во втората сесија говорат дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и Литванија.

Во музејот се поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и „Поштенска картичка од Украина“, изложба на фотографии.

Програмата предвидува и промоција на книгата „Украина – години на хeроизмот“, од Џабир Дерала.

А. В.

Tags: Војна во УкраинаГодини на хероизмотЕУШведска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ