Ексминистерот Миле Јанакиески го оштетил државниот буџет за 2.595.976,оо денари, затоа што во периодот од 2007 до 2010 година, противзаконски продал два државни стана во пензионерската зграда во Прилеп, на улица „Димо Наредникот“ б.б. Становите со број 12 и 16, З.А. и Д.Р. ги користеле врз основа на решенија издадени од некогашниот Сојуз на борци и Сојуз на пензионери.
Иако сопственикот на становите е Владата, Јанакиески како овластен застапник на Владата, склучил купопродажни договори со З.А. и Д.Р. кои натаму се заверени кај нотарот Д.Р. (64), поранешниот државен правобранител С.Т. (63) и актуелната правобранителка В.Ј. (51).
МВР против сите поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Нотарот Д.Р. поранешниот С.Т. и актуелната државна правобранителка В.Ј, не презеле мерки и пропуштиле надзор за заштита на државниот имот на Република Македонија, со што им овозможиле на овие лица да извршат откуп на становите по повластени цени, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.595.976,оо денари“, соопшти МВР.