Помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски на панелот на ЦИВИЛ „Информациски хаос: Трендови и перспективи“ посочи дека дезинформацискиот хаос во Северна Македонија е реален проблем и дека треба заеднички да се решава.
„Ме радува што дискутираме на тема што е горлива за општеството, затоа што, меѓу другото, како што кажавте, ни се создаваат вакви проблеми пред се затоа што сме изложени на масовни дезинформации. Ние сме една од државите со најмало ниво на вакцинација, затоа што сме под влијание на дезинформациите, каде што, на пример „Стојанчо од Старо Нагоричане“ е убеден дека не треба да се вакцинира бидејќи Бил Гејтс, кога ќе стане наутро помислува дека треба него да го чипира. Ова е наш реален проблем и мораме заеднички да го решаваме. Со заеднички напори со институциите, но пред се на невладините организации, и особено на новинарските здруженија. Како што спомнавте, имаме проблем со групата „Лев Тахор“, еве најавуваат протести во Охрид, затоа што лица од оваа група дошле во нивно село, што е навистина несфатливо, иако до сега немаме ниеден настан, ниедна причина да кажеме дека кој било криво погледнале, а не дека некој бил нападнат или загрозен. Но, бидејќи се пласираат низа дезинформации, се создава едно таква наелектризираност во Охрид, претходно во Куманово, во Скопје… И сето ова е плод на ширење дезинформации. И Тука се согласувам донекаде со Весна, дека државата не може да ги регулира медиумите, апсолутно. Бидејќи, секој , доколку му дадете можност да чепка во тој дел, може да направи злоупотреба. Медиумите треба да се регулираат самите.
Дезинформациите се шират повеќе за време на избори, референдуми и војни, во модерно време најсилното оружје се дезинформациите. Најголемата последица од дезинформациите е намалувањето на довербата во институциите“, вели меѓу другото Ангеловски.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
реализација и монтажа: Ариан Мехмети