Односите помеѓу мнозинското (македонско) и малцинското (ромско и турско) население во Штип се во задоволително ниво, односно нема некои поголеми поделби и дискриминација, особено кај младите, велат граѓаните на Штип, одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ – Какви се меѓуетничките односи во општината?
Дел од одговорите што ги доби екипата на ЦИВИЛ Медиа од мнозинското население е дека „им даваат права“ на помалите етнички, односно маргинализирани групи (Ромите), нарекувајќи ги и со политички некоректен израз.
Една штипјанка вели дека меѓуетничката соработка и соживот се одлични.
„Јас работам во штипската гимназија и даваме огромни напори за имплементација на проектот за меѓуетничка интеграција, каде што учениците се дружат, запознаваат, почитуваат без никакви предрасуди“, вели таа.
Еден граѓанин вели дека има соживотот и меѓуетничката толеранција во Штип, меѓутоа се забележува национализмот.
Еден повозрасен граѓанин вели дека не е како порано и дека сега „умре“ меѓуетничката соработка и соживотот.
Мартина Ацковска
текст, камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети