• Latest

Анкета на „Брима”: Заев убедливо најпопуларен политичар

September 20, 2021

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Анкета на „Брима”: Заев убедливо најпопуларен политичар

September 20, 2021 11:04
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најпопуларниот политички лидер во Македонија и натаму е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%). Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори, генерално, ги покажува ниските рејтинзи на политичарите, објави “Слободен печат”. 

Општо земено, анкетата ги покажува ниските рејтинзи на политичарите. На пример, за „водечкиот“ Заев „многу благонаклон“ и „донекаде благонаклон“ став искажале 13,6% и 17,8% од испитаниците, додека за „донекаде благонаклон“ и „многу неблагонаклон“ став се определиле 18,7% и 46,9% анкетирани. За споредба, на Христијан Мицкоски „многу благонаклоно“ гледаат 8,3% и „донекаде благонаклоно“ 15,8% од анкетираните, а комбинираниот скор на „многу“ и „донекаде“ неблагонаклонетост надминува 71% од испитаниците. Во случајот на албанските лидери таа дискрепанца е уште поголема.

Кога станува збор за натпартиската функција на претседателот Пендаровски, за него расположението е релативно поврамнотежено: тој одредена благонаклонетост предизвикува кај 40% од анкетираните, наспроти 56,5% неблагонаклонетост. Тоа е многу слично со комбинираниот скор на Венко Филипче, на пример, за кого благонаклон став изразиле речиси 41% од анкетираните, а скорот кај оние кои неблагонаклоно гледаат на него и н

Испитаниците беа запрашани и за тоа „За кандидат на која политичка партија би гласале за градоначалник на вашата општина на претстојните локални избори?“, по што 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн. Занимливо, во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% се изјаснуваат дека нема да гласаат. Сепак, околу една четвртина се во категорија „неизјаснети“, односно 13% велат дека се „неодлучни“, 3,7% велат„не знам“, а  7,4% експлицитно „одбиваат да одговорат“.

Од аспект на етничка припадност, 52,2% од етничките Македонци „многу веројатно“ би гласале, наспроти 24,7% од етничките Албанци и 45,7% од другите националности.

Од оние кои се изјасниле дека „многу веројатно“ би гласале во најнизок процент се во Полошкиот регион (20,7%), а во највисок во Југоисточниот регион (70%). Во другите региони овие параметри се движат во опсег од околу 38%-56%.

Ако се разгледуваат само испитаниците кои во овој момент се изјаснуваат дека „многу веројатно“ ќе гласаат на локалните избори, 33% од нив би гласале за кандидат на СДСМ, 28,2% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 4,5% за ДУИ,2,8% за Алијансата на Албанците, 3,3% за Движењето БЕСА, 3,8% за Левица итн.Моментно, 2% од испитаниците се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат и во помал процент за други партии.

Секако дека треба да се има предвид дека претстои предизборна кампања која бездруго ќе влијае врз определбата на гласачите да излезат на гласање и да го дадат својот глас за одредена опција.

Кога ќе се споредат податоците за партиските рејтинзи и гласачкиот потенцијал на партиите, со изборното расположение за претстојните локални избори, слободно може да се заклучи (со мали варијации) дека постои висока корелација помеѓу партиската определба со определбата за кого би гласале за градоначалник на својата општина на претстојните локални избори. Но, во зависност од конкретните „понуди“ на кандидатите, можна е промена во изборната определеност на претстојните локални избори.

Истражувањето на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ