• Latest

Анкета: Педесет проценти од граѓаните би се вакцинирале, најголем дел ја преферираат вакцината Фајзер

April 2, 2021
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Анкета: Педесет проценти од граѓаните би се вакцинирале, најголем дел ја преферираат вакцината Фајзер

April 2, 2021 12:42
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале, од друга страна 16 отсто од граѓаните сè уште се двоумат, покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка.

Прашањата за вакцините се дел од теренската анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1010 испитаници, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Најголем дел од граѓаните, според анкетата, вкупно 39 отсто ја преферираат вакцината на Фајзер, додека втора по ред е вакцината Спутник В со 21 отсто. Малку преферирани се вакцините Синофарм, која ја преферираат 6 отсто од граѓаните, потоа е Модерна, која ја преферираат 5 проценти од граѓаните, додека најмалку преферирана вакцина е Астра Зенека, за која се определиле само 3 отсто од граѓаните. Дваесет и седум проценти од граѓаните не знаат или немаат одговор за тоа која вакцина ја преферираат.

Дел од генералните заклучоци во анкетата, на страна од актуелната ситуација со Ковид – 19, а во однос на работата на Собранието, беа дека граѓаните бараат веб-страната на Собранието да биде по интерактивна и да имаат можност да комуницираат со пратениците. Сметаат дека информациите од медиумите им се доволни и истите најмногу ги восприемаат преку телевизија. Од пратениците повеќе сакаат јавни лични средби.

Перцепцијата на граѓаните, според анкетата, е дека извршната власт има поголема контрола врз Собранието отколку што Собранието ја контролира Владата, како што е предвидено според Уставот. Дури 74 отсто од испитаниците се согласуваат со изјавата дека политичките кризи треба да се решаваат во Собранието, наместо на затворени средби меѓу раководствата на политичките партии.

Во однос на довербата на граѓаните во институциите, анкетата вели дека претседателот на државата ужива највисока доверба меѓу граѓаните, споредено со Владата, Собранието и Судството. Средната оцена за работа на Собранието останува иста како и изминатата година и изнесува 2,6.

Проектот, финансиран од Швајцарска амбасада, се спроведува од страна на Националниот демократски институт, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Центарот за управување со промени. Целосните резултати од теренска анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија можете да ги погледнете на овој линк.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ