ЦИВИЛ Медиа ги прашуваше граѓан(к)ите во центарот на Скопје и во скопската Стара чаршија, како би ја оцениле состојбата во Македонија 16 години по потпишувањето на Рамковниот договор.
„Сето тоа можеше на време да се направи, без војна, без жртви! Ова на ништо не личи, но тоа се политичари, ако не држат некоја тема отворена, нема да бидат актуелни“, ни рече еден од соговорниците.
Речиси сите анкетирани граѓани велат дека, за жал, ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот до денес.
„Ништо не е сменето, Рамковниот договор е во фиока!“, „Рамковниот договор требаше да се реши пред 16 години, не денес!“, „Исто е и тогаш и сега, нема ништо ново!“, „Ништо не направиле досега, само се договараат и на крај ништо.“, „Ни поарно, ни полошо, јас не гледам разлика“, „Ништо не е сменето, само лажат!“…
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов