• Latest

Антиалбанството никогаш повеќе нема да носи власт во Македонија!

April 10, 2017
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Антиалбанството никогаш повеќе нема да носи власт во Македонија!

April 10, 2017 09:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ, партија киднапирана од една криминална структура, по којзнае кој пат во својата куса историја, го јавнала коњот на антиалбанството, овој пат не за освојување власт, туку за задржување на криминално узурпираната власт и избегнување на одговорноста за грабежот на столетието и за уништувањето на државата по секој основ.

Пишува: Петрит Сарачини

Лажејќи ја јавноста дека Албанците и СДСМ ја федерализираат и делат Македонија, потпалувајќи ја јавноста со жесток говор на омраза против Албанците, против политичките противници од СДСМ и против неистомислениците во секој дел од оипштеството, токму оние кои ги поразија на последните избори и со силен граѓански отпор ги соголуваа криминалците во текот на сите овие години, киднапираната МВРО (Јанкулоска), доведена во стадиум на лудило (Ставрески), сака да ја втурне Македонија во крвава, меѓуетничка и меѓуверска војна, само за да се спасат нејзините началници.

Што е многу, многу е, макар и од МВРО-ДПМНЕ. Началници, Европа ви кажа дека е опасно да си играте со оган, вие не престанувате! Вашите сестрински партии од ЕПП ви велат итно да дозволите формирање на нова власт и да се реформирате, вие нејќете ни да чуете! Сте тргнале кон провалијата и сакате сите нас да не свлечкате долу со вас. Е па, вака да ви кажам, што и да правите, за што сигурно ќе сносите одговорност, би било добро да знаете:

Додека од ваша страна доаѓаат муабети како „гасни комори“, „клетите Шиптари“, „чиста Македонија“, „Македонија на Македонците“, „Индијанци“, „Шошони“, „ватерполисти“, „племе“…, власт нема да видите никогаш повеќе во Македонија.

Додека не им се извините на Албанците за овие ксенофобични и нацистички политики, со кои го труете вашето членство, а од Албанците правите страшило за нашите сограѓани, нема да видите власт во Македонија.

Можете, узурпаторски и криминално, да го одолговлекувате „до миле воље“ конституирањето на Собранието и спроведувањето на волјата на мнозинството гласачи во Македонија, чиј глас треба да биде еднаков, а според вас, се брои поинаку. Можете фашистички да толкувате дека гласот на „убер-Македонците“, потврден и на „Македономерот“, вреди повеќе од оној на другите Македонци (за вас „одроди“ и „предавници“), Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари… Поради такво „сфаќање“ на демократијата, што е всушност, фашизам, никогаш нема да дојдете на власт!

Зарем мислите дека оние, што се поинакви од вас, не ве гледаат и слушаат? Зарем мислите дека не им текнало, дека по „Шиптарите“, едвај чекате да почнете и со „клетите Турци“, „Цинцари“, „Србенди“, „Мусличи“, „Татари“….Тоа е вашиот секојдневен вокабулар, со кој бесрамно нè труете сите нас. Затоа, на власт нема да дојдете, никогаш.

Да знаете, особено со вашите сегашни постапки и гнасна реторика, не газите само врз оние кои гласаа за коалицијата предводена од СДСМ. Газите врз еден цел народ, втор по големина во Македонија, кој гласаше против хунтата на Груевски. Зошто? Затоа што знае дека Пастирот, неговата политичка филозофија и стратегија, од (во суштина) антиалбанскиот референдум во 2004-та (и тогаш Груевски спречуваше федерализација), преку доаѓањето на власт во 2006-та, па сè досега, постојано се базира врз антиалбанството и лажниот патриотизам.

А, Албанците, како што гледате, молчат и не возвраќаат. Не затоа што се плашат, туку затоа што го кажаа одговорот, на 11 декември: додека ве водат криминалци и потпалувачи на етничка омраза, особено кон Албанците, никогаш повеќе нема да видите власт во Македонија.

Десетици илјади Албанци, за првпат толку масовно, гласаа за партија од „македонскиот“ политички кампус. Десетици илјади други ги казнија, ги преполовија во гласови и ги маргинализираа ДУИ и ДПА, затоа што во кампањите и медиумите, пред гласачите се полни со големи зборови, национализам и патриотизам, а во праксата не сторија ништо против антиалбанските политики на нивниот партнер во власта, ниту нешто значајно за нивните секојдневни животни потреби.

Албанците се приклучија на огромното мнозинство граѓани на Македонија кои гласаа за менување на автократијата на Груевски и криминалците, кои ни ја уништија државата. Сите лидери на парламентарните партии на Албанците, во десетици изјави, деновиве а и претходно, потврдија дека стојат зад унитарноста на земјава и дека ќе ги бараат правата во рамките на Уставот на Македонија. А вие сте запнале со „Тиранската платформа“ и ги обвинувате дека се за поделба на земјата?! Зошто, затоа што дури и вашите довчерашни верни вазали не сакаат повеќе со вас, оти си ја разбраа пораката на гласачите?!? Лудило. Е, токму поради тоа лудило, кое сакате да го наметнете на целото општество, не смеете повеќе да дојдете на власт во Македонија.

Можеби мислите и сонувате дека со оваа игра, доколку издржите, на наредните избори и ќе го победите СДСМ. Особено, ако имате сè уште под своја чизма институции и механизми, односно, шанса да ги употребите вашите „методи“, кои добро ги знаеме, не само од „бомбите”. Можеби мислите дека ќе најдете и подобри партнери од Али Ахмети или Мендух Тачи во реализирање на вашата постојана антиалбанска агенда.

Но, ќе повторам, заборавате дека Албанците ви порачаа и на 11 декември, а и со анкетите потоа – тие веќе никогаш нема да гласаат во значаен број за послушници на МВРО. И, власт на ваква антиалбанска, хушкачка политичка структура, никогаш нема да има вистински легитимитет и поддршка кај Албанците. Затоа, веќе никогаш, додека сте вакви, нема да најдете партнер за ваша влада, дури ни со формулата „победник со победник”, оти ќе нема таков победник што ќе сака да коалицира со вас.

Би ви сугерирал, на оние разумните, доколку останал некој таков во оваа партија, бидејќи и онака сте навикнати да штанцате прогласи, манифести, отчети, програми, патокази „на кило“, да си размислите за еден нов манифест. Но, овој пат, треба да подразмислите што ќе напишете, и да ги земете овие работи предвид, ако сакате некогаш, секако откога ќе се очистите од криминалците, да добиете шанса да бидете дел од некоја власт.

Како за почеток, доколку сакате да се излечите од удбашкиот синдром „МВРО“, акцептирајте го фактот (оние пописмените и повозрасните знаат) дека антиалбанството е најнеприродниот „имплант“ што ДПМНЕ му го прилепи на историското ВМРО, кое во своето револуционерно минато има само историја на соработка и сојузи со албанските револуционери и движења од доцниот XIX и раниот XX век, честопати дејствувајќи и борејќи се заедно против заедничките поробувачи. Ако не ми верувате, прашајте го авторитетот од оваа област, локалниот советник на вашата партија, а некогаш и министер, професорот д-р Владо Поповски.

Не знам дали разбирате дека прекардашивте! Можеби ќаривте краткорочно некој заблуден глас, ама затоа преминавте граница по која треба да следи суштинско покајание, или заминување во заборав. Оти, бидете сигурни, планот нема да ви се реализира, а на власт нема да дојдете, никогаш повеќе. Никогаш!

Tags: „гасни комори“„победник со победник"„Тиранската платформа“„Чиста Македонија“ВМРО-ДПМНЕМВРОСДСМудбашки синдром
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ