ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДКСК: Ангеловска нема кривична одговорност, но мора да се доуредат прописите за спречување на судир на интереси
На денешната седница Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси го разгледуваше случајот за судир на интереси на министерката за финансии Нина Ангеловска, а поврзано со случајот стечај на Еуростандард банка.
„Министерката имала можност да ги дознае информациите поврзани со банката каде што таа е клиент, а кои што не биле достапни до другите клиенти, штедачи на банката, така што овие податоци и инфромации можеле да имаат влијание врз донесувањето на нејзините одлуки поврзани со депозитот што го имала со што била во позиција да оствари предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.
ДКСК доаѓа до заклучок дека нема кривична одговорност кај министерката Ангеловска, но од етички аспект го покренува прашањето на високо ниво и за таа цел ќе препорачаат да се доуредат прописите, особено Меморандумот за соработка меѓу Народна банка и Министерството за финансии, како и останатите регулаторни тела со додавање уредби. Овие уредби треба да го регулираат особено оној дел каде се вели дека одреден носител на функција има можност да располага со информации и тие да ги искористи за своја корист или да обезбеди предност за себе или некој друг.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Јовановиќ: Кога луѓето немаат леб да јадат, бираат национализам
„Национализмот ги погаѓа најсиромашните, ги погаѓа најмногу работниците. Иронијата е што токму тие што се најмногу погодени до него се истите што најмногу подржуваат“, вели Бранимир Јовановиќ во интервјуото во рамки на Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ на тема „Национализам“.
„Тие се први што гласаат за партии што пласираат такви програми за време на изборите. Сме го виделе многу пати ова низ историјата, секаде низ светот, не само кај нас. Но, последниве избори кај нас можевме да го видиме, затоа што, според мене, најголем победник е национализмот.
„Тик Ток“ тепачка за меѓуетничка и политичка пресметка
Додека сите очи се вперени во формирање на новото парламентарно мнозинство и формирање на нова влада меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, и додека сè погласни се повиците од членството за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно на социјалните мрежи се шири и разгорува меѓуетничка нетолеранција, говор на омраза и повици за физички пресметки, откако пред два дена Тв Сител објави кратко видео од социјалната мрежа „Тик Ток“, во кое се гледа дека најмалку три лица тепаат едно момче, сугерирајќи дека тоа се случува во нашата држава.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Скопското обвинителство до Кривичниот суд Скопје, поднесе обвинение за предметот „Моќник” кој претходно беше во обработен од страна на поранешното СЈО, пренесува МИА. Поднесено обвинение за Aнонио Милошоски и уште 12 лица во предметот „Моќник“.
Иако не се знае точниот број на членови на ВМРО-ДПМНЕ што се организираа во Иницијативен одмор за свикување на вонреден конгрес на партијата и поднесување оставка на Христијан Мицкоски од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, тие не отстапуваат од своите барања за промени.
Прво верификација на мандатите на пратениците, а потоа доставување предлог на Влада, изјавил Зоран Заев, претседател на СДСМ и мандатар за новата Влада, за Тв21.
Тече рокот во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада. На веб страницата на Собранието за денеска не е закажана седница. Крајниот рок е 2 септември.
Сојузот на средношколците го презакажаа протестот за 31 август, со цел да го искажат своето незадоволство од одлуката за целосна онлајн настава. преку кој сакаат да го искажат нивното незадоволство од одлуката за целосното имплементирање на онлајн наставата. Протестот првично беше закажан на 28 август, но поради христијанскиот празник Голема Богородица и неговото значење.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ вчера потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.
Д. Муратов