• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК: Ангеловска нема кривична одговорност, но мора да се доуредат прописите за спречување на судир на интереси

August 24, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК: Ангеловска нема кривична одговорност, но мора да се доуредат прописите за спречување на судир на интереси

August 24, 2020 12:06
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси го разгледуваше случајот за судир на интереси на министерката за финансии Нина Ангеловска, а поврзано со случајот стечај на Еуростандард банка.

„Прв документ кој укажува на проблемот со Еуростандард банка е од 4 јуни 2020 на Комитетот за финансиска стабилност, што е и единствениот писмен доказ со кој располагаме од кога почнале разговорите за проблемот со банката. Министерката за финансии по службена должност треба да располага со податоци и информации со движењата во банкарскиот систем и финасиските пазари, меѓутоа законот и меморандумот не упатуваат на обврски гувернерот на Народна банка за редовно писмено или усмено известување на министерот. Тоа значи дека дали и колку тие меѓусебно се информирале ние точно не можеме да утврдиме бидејќи нема записници. Во функција на одбегнување на судир меѓу приватниот и јавниот интерес вреди да се каже дека Владата на Република Северна Македонија по препорака на ГРЕКО има донесено етички кодекс и за носителите на јавни функции што се определени од Владата, во кој јасно стои дека треба да го почитуваат Законот против корупција за да избегнат судир на интереси, меѓутоа и сомнеж за судир на интереси“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на прес-конференција по завршување на седницата.

„Министерката имала можност да ги дознае информациите поврзани со банката каде што таа е клиент, а кои што не биле достапни до другите клиенти, штедачи на банката, така што овие податоци и инфромации можеле да имаат влијание врз донесувањето на нејзините одлуки поврзани со депозитот што го имала со што била во позиција да оствари предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.

ДКСК доаѓа до заклучок дека нема кривична одговорност кај министерката Ангеловска, но од етички аспект го покренува прашањето на високо ниво и за таа цел ќе препорачаат да се доуредат прописите, особено Меморандумот за соработка меѓу Народна банка и Министерството за финансии, како и останатите регулаторни тела со додавање уредби. Овие уредби треба да го регулираат особено оној дел каде се вели дека одреден носител на функција има можност да располага со информации и тие да ги искористи за своја корист или да обезбеди предност за себе или некој друг.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ