• Latest

Апасиев си ги (за)штити лагите

February 17, 2022

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Апасиев си ги (за)штити лагите

Апасиев и неговата дружина шират лаги и дезинформации со злоупотреба на фотографија на обичен граѓанин претставувајќи го како озогласен „инспектор“ кој изрекол казна за сопственик на ресторан во Гевгелија

February 17, 2022 13:59
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Обичен граѓанин од Кратово, Мартин Колев, деновиве добива закани и навреди откако стана мета на лажните вести на опозициската партија Левица, дека тој наводно е озогласниот инспектор кој изрекол казна од 7.000 евра за сопственик на ресторан во Гевгелија за непочитување на Ковид протоколите. Колев на својот Фејсбук профил има и фотографија со поранешниот премиер Зоран Заев, што покажува дека не се работи за изолиран случај туку за осмислен оркестриран напад за да се добијат политички поени.

Дезинформацијата прв ја објави Саше Јанчев, советник од Левица во општина Гевгелија, кој на својот Фејсбук профил го откри „идентитетот на инспекторот“ кој му напишал казна на угостителот.

Следбениците на „левичарите“ упатија закани и навреди кон наводниот „инспектор“, кој нема никаква поврзаност со случајот во Гевгелија.

Лажната вест ја сподели и лидерот на Левица, Димитар Апасиев и секретарот на партијата, Јована Мојсоска со коментар –  „дијагноза на сељачкото крило“.

Лидерот на Левица и професор по Римско право, Апасиев, го споделил дезинформацискиот пост на Јанчев на својот официјален Фејсбук профил и притоа поставил забрана за коментирање, бидејќи најверојатно е свесен дека совесните граѓани кои не подлегнуваат лесно на манипулации ќе го разобличат дека шири лаги, па на овој „транспарентен“ начин остави неговите следбеници „слепо“ да му веруваат!

Во меѓувреме, Колев се обрати на Фејсбук и ги демантирал сите обвиненија и најавил тужба доколку не му се извинат за клеветата и нарушениот чест и углед.

„Дезинформацијата која членовите, генералниот секретар Мојсоска, советникот од Левица, Саше Јанчев и лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја објавија на социјалните мрежи, со клевети дека јас сум бил директно инволвиран во случајот од пред некој ден кога угостителски објект во Гевгелија беше затворен поради некои нерегуларности со наводна политичка позадина, беше причина да се наруши мирот и угледот на мене и моето семејство. Инаку, за информација до јавноста, јас НЕ сум вработен како инспектор во УЈП, ДПИ, Трудов инспекторат или било кој друг инспекторат. Јас потекнувам, живеам и работам во Кратово, а не во Гевгелија, како што беше наведено во веста. Тој ден ниту службено, ниту работно сум бил во Гевгелија! Јас како и сите граѓани на оваа држава сакам достоинствено и мирно живеење во нашето општество и никому нема да дадам за право тоа да ми го ускрати. Од членовите, генералниот секретар и лидерот на партијата Левица како и од порталите кои ја имаат објавено оваа дезинформација , барам јавно извинување, во спротивно ќе ги искористам сите правни средства кои ми стојат на располагање согласно позитивните законски прописи за одбрана на мојот чест и углед“, истакна Колев.

ЦИВИЛ бара институциите веднаш да реагираат и да ги санкционираат сите инволвирани кои злоупотребувајќи лични фотографии и идентитет на обичен граѓанин спроведуваат оркестрирана кампања за добивање на дневно политички поени преку ширење на лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи и на неколку интернет портали.

Дехран Муратов

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ