• Latest

Апел за промена на мигрантските политики на ЕУ

March 4, 2016

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Апел за промена на мигрантските политики на ЕУ

March 4, 2016 14:56
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

26 национални и меѓународни организации од Грција и од земјите на Западен Балкан (Србија, Хрватска и Словенија) меѓу кои е и Македонското здружение на млади правници од Република Македонија,организации кои делуваат по западно-балканската миграциска рута, со заеднички став ги „осудуваат„дискриминаторските и опасни мерки усвоени од европските земји за да спречат ранливи лица да стигнат до безбедност“.

Коалицијата на 26-те организации ги повикува европските влади да преземат мерки со кои ќе се обезбедат и исполнат хуманитарни потреби на луѓето во движење, и да ги одржат своите обврски, согласно меѓународното право.

Untitleduytu

“На 21.02.2016 година, неколку европски држави ги затворија своите граници за Авганистанци, што резултираше со зголемување на бројот на бегалци во Грција како и со хаотични и збунувачки сцени во западно-балканските држави. Граничните ограничувања врз основа на државјанство, го негираат правото на секое лице на индивидуална процена од потребата од меѓународна заштита – што е во спротивност со меѓународните и европските закони за човекови права и бегалци”, се наведува во заедничкиот став, како основна причина за осудата од Коалицијата.

DSCN1253 (Large)

Овие организации ги повикуваат европските влади, да преземат итни мерки:

– Да ја запрат политиката на селективен прием, којашто е на сила во моментов, и да ги исполнат законските обврски за обезбедување фер и темелни постапки за одредување на статус на бегалец за лица од сите националности,

– Да преземат итни мерки за да ги задоволат потребите на лицата коишто повеќе не можат да го продолжат нивното патување, вклучувајќи и итно зголемување на капацитетите и услугите за прифаќање и поддршка, коишто ќе ги почитуваат достоинството на луѓето и човековите права,

– Да ги запрат присилните и принудни враќања коишто го кршат правото на барање азил, особено кон земји кадешто лицата можат да се соочат со прогон, а за тие коишто е утврдено дека не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, да се обезбедат постапки на враќање што ќе ги почитуваат нивните основни човекови права,

– Да работат заедно за да обезбедат координиран пристап за справување со кризата, темелен на споделување информации и соработка, како и да избегнат еднострани постапки што можат да создадат опасни ‘домино-ефекти’ што влијаат врз ранливите категории на лица,

– Да создадат безбедни и законски рути во Европа за лица кои бараат азил, за да се избегне губењето на животи на опасните патувања и да се намали побарувачката за нерегуларни мрежи за трговија со луѓе и криумчарење.

“Не е предоцна Европа да го поправи овој тек и да донесе соодветни и правилни постапки, наведени во постоечките закони и да преземе итни мерки да ги заштити ранливите лица на нејзината територија”, заклучуваат 26-те организации.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: азилГрцијаЕУКоалицијамигрантиНВОхуманитарностЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ