• Latest

Апсењата поради сомнение за корупција ја изострија потребата за реформи во Парламентот на ЕУ

December 10, 2022
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Апсењата поради сомнение за корупција ја изострија потребата за реформи во Парламентот на ЕУ

December 10, 2022 20:17
in ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Се погласни се повиците за подобри механизми за контрола во Брисел, откако во јавноста се дознаа обвинувањата против потпретседателката Ева Каили, објави NewsinGermany.

Европскиот парламент во Стразбур: развиорени знамиња

Експерската фела бара реформи по обвинувањата за корупција против потпретседателката на ЕУ Ева Каили. Парламентот со децении дозволуваше развој на „култура на неказнивост“ и „недостиг на независен етички надзор“, соопшти невладината организација „Транспаренси интернешнал“ во саботата. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го увери судството за поддршката на нејзиниот дом во расветлувањето на случајот.

Во петокот, вкупно пет лица беа уапсени во Брисел поради истраги за корупција во кои, наводно, земјата домаќин на Светското првенство Катар игра клучна улога. Меѓу нив е и Каили, една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент. Уапсени се и четворица Италијанци, вклучително со партнерот на Каили, Франческо Џорџи, кој е пратенички асистент на Социјалистичката група во Европскиот парламент.

„Корупција на банди и перење пари“

Уапсени се и Пјер Антонио Панцери, поранешен социјалдемократски европратеник и актуелен шеф на невладината организација „Борба против неказнивоста“, како и генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ), Лука Висентини.

Белгиските инспектори го истражуваат сомнението за постоење на „корупција на банди и перење пари“. Постои сомневање дека Катар се обидел да влијае врз одлуките на Европскиот парламент со огромна сума на пари и подароци.

Аселборн разочаран

„Не се работи за изолиран случај“, истакна Транспаренси интернешнал по апсењата. Механизмите за контрола во Парламентот се „неисправни“, напиша на Твитер Алберто Алемано, професор по право на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија.

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн ја повика уапсената Каили да се откаже од нејзината пратеничка фотелја. Се надевам дека оваа жена има пристојност да го врати мандатот“, изјави Аселборн за Дејли Мирор. „Разочарува фактот што корупцијата навлегла во Европскиот парламент“.

Социјалистичката партија Пасок на Каили, исто така, повика на откажување од мандатот. „Се врши притисок во партијата да се натера г-ѓа Каили да се откаже од пратеничката фотелја“, рече член на Пасок во Атина.

По апсењата во петокот, белгиските инспектори се зафатени со проценка на конфискуваните мобилни телефони и други носители на податоци. Според портпаролот на белгиското федерално обвинителство во Брисел, петмината осомничени дополнително биле сослушани во саботата.

48 часа време

Одговорниот истражен судија требаше да одлучи дали на обвинетиот треба да му се одреди мерка притвор. Според белгискиот закон, рокот за оваа одлука истекува 48 часа по апсењето – во случајот со потпретседателката на парламентот Каили, во неделата навечер.

Во саботата, Белгискиот весник L’Echo објави дополнителни информации за апсењето на Каилис. Имено, истражителите откриле „неколку вреќи полни со банкноти“ во стан на политичар во Брисел. Според L’Echo, полицијата направила претрес на просториите откако го фатила таткото на Кајлис со голема сума пари во „куфер“.

Преговорите за визното олеснување прекинати

Во меѓувреме, неколку парламентарни групи во Парламентот на ЕУ сакаат да ги прекинат планираните преговори за олеснување на визниот режим за граѓаните на Заливскиот емират Катар. „Ние од Зелените сме против Катар да добие визно олеснување во сегашната ситуација“, рече европратеникот на Зелените Ерик Маркарт во саботата.

Почетокот на преговорите меѓу Парламентот и земјите-членки за олеснување на визниот режим за Катар и Кувајт требаше официјално да биде објавен во понеделник во Парламентот на ЕУ. Одговорната комисија во Парламентот и земјите-членки веќе начелно се изјаснија за граѓаните од Катар и Кувајт да можат да останат во ЕУ до 90 дена без виза.

Маркарт, кој е одговорен за нацрт-законот во парламентот, рече дека сака да го суспендира почетокот на преговорите, а со тоа и можното олеснување на визниот режим додека не се дознаат повеќе информации за наводите за корупција. „Мораме да се осигураме дека ќе нема мешање од страна членовите на парламентот или вработените во нацрт-текстот на Европскиот парламент за олеснување на визниот режим за Катар“, рече Маркарт.

Левата група и социјалдемократите исто така повикаа на подоцнежни преговори. „Сè додека нема јасност до кој степен се одлеале парите од Катар, не смее да има визно олеснување за Катар“, рече копретседателот на левичарската група во Парламентот на ЕУ, Мартин Ширдеван.

Во соопштението за печатот во петокот, групата на социјалдемократите повика на „запирање на работата за сите досиеја и пленарни гласања кои се однесуваат на земјите од Заливот, особено за олеснување на визниот режим и планираните посети“.

Линк до претходната објава: Антикорупциската истрага во Европскиот парламент предизвика силни реакции од претставниците на ЕУ – CivilMedia

Подготви: М.П.

Tags: апсењаЕвропски парламентКорупција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ