• Latest

Архива: Градоначалниците се договорија дека скопјани и понатаму ќе се гушат

December 27, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Архива: Градоначалниците се договорија дека скопјани и понатаму ќе се гушат

December 27, 2017 09:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од архивата на ЦИВИЛ, текст објавен на 27.12.2016. Дали се повторува историјата?

Додека Скопје се гуши, граѓаните мака мачат со респираторни проблеми, а клиниките се преполни, и покрај големите очекувања од јавноста, вчерашната средба на градоначалниците на скопските општини и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, заврши без конкретен договор и мерки.

Официјално, на средбата се говорело за проширување на топловодната мрежа, за изработување на нови правилници за ограничување на употребата на несовесни горива во домаќинствата, но без конктетен договор за тоа што ќе преземат општинските власти. Средбата завршила со заклучок дека градоначалниците се договориле – дека треба да се договорат!

Неодамна беше организирана и научна конференција за аерозагадувањето на која експертите предупредија дека е крајно време да се преземат конкретни мерки, иако за повеќето, велат, би имале ефект дури по неколку години.

Единствена мерка која ја спроведе Град Скопје деновиве, е третирањето на ситната прашина со калциум-магнезиумацетат, но досега не е забележана некоја позначителна разлика.

Денеска, Демократска обнова на Македонија (ДOM) излезе со барање да се прогласи вонредна состојба. Воведување на систем пар-непар во сообраќајот,  по примерот на Париз и Сараево, забрана за движење за возила под „еуро 4“ стандард, субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата, редновно миење на улиците со калциум-магнезиумацетат, строга контрола на индустриските објекти, особено во ноќните часови, бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови каде што го нема, воведување евтина, дневна тарифа за струја во домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци, и велосипедисти во центарот, се дел од мерките што ги предлага ДОМ.

Во меѓувреме, на граѓаните не им преостанува ништо друго, освен повторно да излезат на улиците и покрај опасноста од преголемата загаденост.

На социјалните мрежи протестот е најавен за среда, 28-ми декември во 17 часот што ќе започне кај фонтаната во Градскиот парк.

На нивната листа се истите барања на кои посочија и од партијата ДОМ. Еко–активистите бараат итна средба со скопскиот градоначалник Коце Трајановски и со премиерот Емил Димитриев.

М. Ивановска

Tags: аерозагадувањеархивавластиградоначалницимерки
Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ