• Latest

Арнаудова: Анатомски сите сме апсолутно исти

July 22, 2021

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Арнаудова: Анатомски сите сме апсолутно исти

July 22, 2021 16:15
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кристина Арнаудова, музичарка и хуманитарка, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, дека воспитувањето доаѓа од дома, и дека најважно од се, е да се биде добар човек.

„Бидејќи сум растена во мултиетничко семејство, дедо ми беше Турчин, баба ми е Влаинка и живеевме во место, во Неготино, каде што бевме единствените.  Мислам дека дедо ми беше единствениот Турчин, во тој период, иако мислам бевме многу почитувано семејство, отсекогаш сме биле… Тој беше судија, баба ми беше професорка, секогаш бев свесна за тоа дека не гледаат на поинаков начин. Но, од аспект на тоа како ние дома комунициравме, како сум воспитана, апсолутно не е важно што си… Ме воспитаа да бидам добар човек! Човекот се дели само на добар и на лош. Дома не се зборуваше за религија, не се зборуваше дека сме различни.

Мене ми беше тоа сосема нормално, сé додека не излегов на улица, и погледнав дека всушност тоа не е толку нормално во нашето општество. Моето воспитување во такво семејство го сметам за благослов, затоа што мислам дека тоа е голем дел од она што сум јас денес. А тоа е дека јас најпрво сум човек и само на тој начин ги делам луѓето. Би сакала да можеа повеќете луѓе да бидат воспитувани на тој начин, бидејќи верувајте дека тоа е навистина едно поинакво нешто. Значи те прави да престанеш да гледаш со предрасуди, те прави да престанеш да ги гледаш луѓето Албанец, Турчин, Влав, знаеш па одма тука аха оние се такви, овие се такви, значи во комуникацијата го немаш тоа. Нашето општество, ако сакаме да го направиме, може да биде богатство од општество. -Мислам дека нема ништо поважно од тоа човек да може слободно и гласно да каже сé она што мисли и сé она што е, без да се плаши притоа дека нешто ќе му се случи, дека некој нешто ќе му направи, дека ќе биде навреден, дека ќе биде деградиран, дека ќе биде жртва на булинг во семејството. И сметам дека ако не тргне од семејството тоа воспитување, ние немаме друг начин како тоа да го воспоставиме како некаков норматив“, вели Арнаудова.

 

Кристина Арнаудова на снимањето за видео порака во Иницијативата “Направи разлика, почитувај ги различностите” фотографија: Ариан Мехмети

„Бидете добри родители и учете ги вашите деца да бидат добри деца. Јас не сум само дел од оваа иницијатива, јас го живеам тој живот секој ден, она што го работам како хуманитарен работник во проектот „Среќа“, во комуникацијата со донаторите. На пример, имавме ситуација во која што донатор сакаше да ја делиме помошта само на христијански семејства. Јас тоа го одбив веднаш. Исто така, како што не сметам дека муслимански семејства треба да делат помош само на муслимани, значи ние сите сме луѓе и тука во неволјата, во сиромаштијата, никој не прашува дали си ти муслиман, дали си православен, дали си будист, итн.“, порачува Арнаудова.

Кристина Арнаудова е македонска пејачка, музичарка, изведувачка и композиторка. Родена 1979 во Неготино, Кристина расте во мултиетничко семејство, со дедо турчин и баба влаинка, каде нејзиниот нескротлив ентузијазам и енергија да се посветува на нештата кои ја исполнуваат и ги прават луѓето околу нејзе среќни, со своето време, финансии и други ресурси, силно ги поддржува вредностите во кои верува. Освен тоа, Кристина е текстописец, хуманитарец и филантроп. Средно образование завршува во родното Неготино, а потоа се запишува на правниот факултет, отсек новинарство и се преселува во Скопје, каде живее до денес. Љубовта кон музиката и микрофонот, Кристина почнува да ја развива на своја 4 годишна возраст. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом. „Прашина“ беше првиот албум во кариерата на Кристина. Заедно со главната песна, има уште 6 други песни во албумот, кои таа ги сними со нејзиниот поранешен бенд „Big Bang“, исто така и хитот „Знаеш кој е тој“ кој беше голем хит на радио и телевизија во летото 2001. Во текот на следните години, Арнаудова објавува повеќе албуми и преработки на песни.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски

монтажа и фотографија:  Ариан Мехмети

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ