• Latest

Арсова: Кој е тој што одлучува за брегот на Охридското Езеро?

February 7, 2016

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Арсова: Кој е тој што одлучува за брегот на Охридското Езеро?

February 7, 2016 15:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Предвидената плажа треба да се гради во вода, бидејќи ширината на постоечкиот брег е помеѓу 2 – 5 метри. Токму заради тоа, Лагадин е познат и атрактивен. Заради природната убавина и богатството на жив свет. Неслучајно, природата ја назначила трската како ’одговорен прочистувач’ на водите од езерото. Верувајте, тоа е тешка задача и огромна одговорност, која човекот никако не може да ја замени!… Па затоа Никола, ако сé уште важи понудата за помош или услуга, ја користам за да Ве замолам да ни се приклучите во борбата за зачувување на природните реткости на Охрид! Бидејќи така и вашето потомство и целиот свет ќе ви биде благодарен и ќе ве благословува“, стои во писмото на Илина Арсова, првата македонска алпинистка која се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест, со кое таа му се обраќа на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, затоа што, како што таа вели, „тој е моќен да одлучи, но е моќен и да спречи“.

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Арсова, за нејзиниот мотив и цел за да го напише ова писмо и за ефектите кои проектот за изградба на „Медитеранска плажа“ во Лагадин, би ги имал врз природата.

Таа зборува за проблемите и игнорирањето со кое секојдневно се соочуваат членовите на  иницијативата SOS Охрид и за префрлањето на одговорноста на надлежните органи. Арсова прашува и кој е тој што е толку мотивиран да го реализира овој проект, и дали е свесен за штетата која се прави на Охридското Езеро?

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=uXEsmhwMkZU[/youtube]

„Процесот со кој што се одлучува судбината на нашите природни богатства, не само национални, туку можам да кажам и светски, е толку конфузен, што секој од надлежните органи кој има улога во целата таа игра, може да се огради од одговорност. Затоа ние се обидувавме на повеќе начини да апелираме до сите тие надлежни органи. Со последното писмо на SOS Охрид,  до Општина Охрид, се обидовме да ги исконтактираме и Министерството за транспорт и врски, и Министерството за животна средина, и Општина Охрид и Владата, бидејќи секој од нив, кога и да бил адресиран претходно, се оградувал од  таа одговорност.

Со последното мое писмо се обраќам до врвот на државата,  до човекот за кого знам дека е моќен да одлучи, но моќен е и да спречи. И покрај тоа што сум свесна дека со моите емоции, најверојатно не можам да допрам до инвестициски ориентиран ум, сепак, решив да се обидам, бидејќи немам што да загубам.  Сите нас не интересира, конкретно за Лагадин –  98% од месното население во Лагадин, потпишаа петиција, сите привремени или постојани жители, односно, сите оние кои се сопственици на имот во Лагадин.  Покрај тој потпишан приговор кој се игнорира, и покрај потпишана декларација од повеќе месни заедници, и покрај потпшана петиција која е бројно потпишана и на меѓународно и на државно ниво, сите тие договори некако се игнорираарт. Значи, ме интересира, ние сме оделе по редовни постапки,  пред шест-седум месеци побаравме од Општината увид во документацијата, што таму ќе се гради. Тоа е информација од јавен карактер која сме ја побарале, сакаме да знаме што ќе се гради, за да се земе во предвид мислењето на јавноста, на месното население,  заедно да одлучеме кое би било најдоброто решение, и за природата и за туризмот од кој сите ние живееме. Нас не’ интересира кој е тој мотив и кој е тој што толку го форсира овој проект, и дали тој или повеќемина,  си земале за право да одлучат како ќе изгледа брегот на Охридското Езеро, што пред милиони години,  тектониката го одлучила.

Не е наше право да одлучуваме, дали бил тесен брегот па ќе го шириме, или бил широк, па ќе го тесниме. Дали тој некој, кому толку му е битно да се протурка овој проект од било која причина, е свесен и е подготен да ја земе одговорноста која следи понатаму? Не зборувам  понатаму – утре или задутре, зборувам за по десет или дваесет години,  кога ќе се види таа неповратна штета врз Охридското Езеро“.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

Tags: SOS Охридживотна срединаЛагадинОхридско Езероплажаприродно богатство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ