Арсовска: Најпрво би спомнала дека имав можност да студирам и да живеам во Европа, во европска држава, во Словенија, и би ги поттикнала младите да негуваат позитивна перцепција и перспектива за можностите кои ги имаат, и општо за својата кариера, за тоа како можат да растат…
Ова го кажувам, бидејќи во текот на тие пет години додека живеев во Словенија, поминав низ некои фази, каде што на почетокот бев тотално под влијание на опкружувањето, бев многу млада, осумнаесет години и лесно ми влијаеше околината во однос на тоа дека во оваа држава е тешко да се просперира, да се избориме со пречките, но тоа беше првата фаза. Се сеќавам, тогаш се случуваше шарената револуција, свесни сме што претрпевме тој период, и беше многу демотивирачки, и беше многу демотивирачки за младите. Болеше да го гледам тоа од таму, но со тек на времето, јас сум човек што сака да руши такви стереотипи, такви генерализирања, така што, верувам дека со дигитализација и со глобализацијата ќе имаме можности да растеме, и дека треба да веруваме дека со мали чекори и сами од себе да појдеме, и колку и да звучи клише, во нас младите е иднината, така што со мислењата дека нема тука можност за напредување, нема ништо да направиме…
Заради тоа, сметам дека секој треба да појде од себе со позитивна мисла, дека на крајот на денот има можност да направиме нешто повеќе и да напредуваме, за да си обезбедиме една поздрава средина и поздрави можности.
Свесна сум за високото образование, сепак завршив средно образование тука, треба многу да се работи на системот, но, повторно ќе дадам еден оптимистички поглед, во Словенија научив да учам, бидејќи не се е она што го имаме во скриптата, туку многу повеќе се стремеа да не научат да го разгледуваме материјалот, и критички да го проучуваме. Не учеа да се едуцираме неформално. Имав предмет со многу комплицирана професорка, каде што не можев да го положам. Учев од скрипта, како тука, но не поминував. Немав ни шестка. Се додека не седнав и го проучив материјалот критички, и ја погледнав големата слика. Предметот всушност беше со медиуми, не беше доволно само да го научиш материјалот, од мене сакаа да видат која е мојата критика, кој е мојот поглед кон тој материјал. И мислам дека ова треба да биде пристапот, и дека навистина имаме можности да се доедуцираме сами. Бидејќи, тажно е, но секој добива диплома… Јас учев многу повеќе таму, за разлика од моите другарки и другари тука. Мислам дека тоа што е клучно, и среќна сум што и тука имам врсници и познаници коишто иако се едуцираа тука, се многу паметни, многу квалитетни луѓе, затоа што беа гладни за повеќе, а има можности. Има толку многу курсеви, има многу платформи каде што можеме да се надоградуваме… изјави меѓу другото Билјана Арсовска на настанот на ЦИВИЛ за младите и европските вредности.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети