Перо Арсовски, еден од најдобрите македонски актери, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека мора да ги почитуваме истите вредности што ги почитува Европската унија.
„Ако е јасно дека веќе се утврдени тие европски вредности, дека нашиот единствен пат кон подобар живот, кон иднината е членството во таа европска заедница, тогаш мораме да ги почитуваме истите вредности што ги почитува и таа европска заедница и на кои настојува. А тоа се истите вредности што ние сме успеале да ги зачуваме како еден простор наречен Македонија и сега држава Македонија. Тоа е единствениот пат затоа што со правење на една таква разлика, почитување на различностите на секоја една мала група, составен дел на таа држава, како што и Европа ги почитува сите различности на сите нејзини членки, држави, политичко уредување, јазик, култура, економија, така и ние мораме да ги почитуваме тие вредности затоа што тоа е гаранцијата на безбедноста на иднината на нашите деца и на нашите генерации“, нагласи Арсовски.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети