Перо Арсовски, еден од најдобрите македонски актери, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ вели дека ЦИВИЛ игра многу значајна улога во формирањето на мислењето и на правецот кон кој треба да се движиме како едно идно општество, како една членка на европската заедница.
„ЦИВИЛ веќе на 20 години со својот проект „Направи разлика, почитувај ги различностите“ врши силно влијание и игра позитивна улога во расветлување на тоа дека не можеме да го бараме патот кон иднината и кон некакво среќно заедништво со тоа што ќе наметнеме некоја своја волја кон помалите групи, кон помалите народи или да воведуваме некаков ред којшто апсолутно нема никаква врска со нивните права, со нивните слободи, кон нивните национални белези, култури, јазик. Промовирајќи го тоа, човековите права и човековите слободи, ЦИВИЛ игра многу значајна улога во формирањето на мислењето и на правецот кон кој треба да се движиме како едно идно општество, како една членка на европската заедница.
Направете разлика, почитувајте ги различностите“, истакна Арсовски.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети