• Latest

Јас ќе гласам за Коце

September 5, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Јас ќе гласам за Коце

September 5, 2017 22:57
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Можеби насловот ве збуни, но, ако е така, драго ми е. И мене ме вознемирува помислата да гласам за најнеспособниот човек во историјата на градоначалници во светот, човек кој е потрчко на власта и гарнитурата која десет години ни го уништуваше градот, земјата, ги ограби парите и достоинството на луѓето. 

Пишува: Ермин Климента

Се смеам и ме тера на плачење кога ќе се сетам кога Коце, во жолти гумени чизми, се преправаше дека помага во поплавите под стоковна куќа Мост… Таа кобна ноќ, 22 невини граѓанки и граѓани ги загубија своите животи во невремето. Како ураганот Харви да го погодил Скопје…

Се сеќавам кога се преправаше дека оди со автобус на работа, а службеното возило стигна пред него. И тоа го забележавме, да! Паметам кога ги исече сите дрвја, паметам кога фрли една кофа риби во Вардар, кој не е исчистен со децении.

Повеќе не сакам да елаборирам за неговиот тотален неуспех како градоначалник, но и за сите злодела на паднатата власт… Затоа што, ако има таков што до сега не ги знае напамет, не е човек кој погледнал подалеку од својот нос. Од друга страна, моменталната владејачка партија… Разбирам, 3 месеци е на власт, разбирам дека цела декада е во сенка, слаба и повредена… Испаѓа дека, според владата, сега треба да бидеме нежни и внимателни, но ова не е играчка, туку треба да е метропола. Скопје е град каде реално 70% од граѓанките и граѓаните на Македонија живеат и заработуваат, издржуваат семејства и градат животи.

Сашо Орданоски во својата колумна за ЦИВИЛ Медиа вели: “На пример, мене не ми влегува во глава како може таков партиско-политички механизам како СДСМ, на само неколку недели пред изборите, да не знае кој им е кандидатот за градоначалник на Скопје?! Па, таа личност би требало да се знае барем со месеци, ако не и со години однапред, особено за партија која никогаш, од осамостојувањето до денес, не владеела со главниот град во државата (или можеби токму поради тоа)!“

Се согласувам со ова комплетно! Како млад човек, цел живот гледам како градот каде израснав се уништува пред мои очи. Се сеќавам на минати години, на прошетките со моите родители низ градот, под сенките на дрвјата кои ги исече власта и кои никогаш повеќе нема да го зазеленуваат овој наш дом – сето тоа ме облева со тага и сомнеж за иднината, додека панорамското ткало и безброј други проекти на минатата власт од Скопје 2014 продолжуваат со изградва во 2017. Што можам јас да очекувам како гласач, државјанин на оваа и ваква Македонија?

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вмроКоце Трајановскилокални избориМакедонијаСДСМСКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result