Политичкиот и безбедносен аналитичар Астрит Истрефи од Косово во своето обраќање истакна дека за луѓето во Украина е секоја секунда прашање на живот или смрт.
„Украина треба да победи во војната, дека ние ќе и помогнеме и дека Русија треба да падне. Никој не може да каже дека ќе ја поддржиме Русија за да ја запре војната во Украина. Војните во поранешна Југославија не запреа затоа што тоа некој тоа го направил. Ние Босанците и Албанците успеавме да го надминеме“, истакна Истрефи.
Зборуваме за дезинформации и и треба да препознаеме дека Западен Балкан не може да биде обичен бизнис. Кога зборуваме за ЕУ треба да се преземат силни чекори и одлуки за да се случи тоа. Ако ја препознаеме заканата тогаш треба да постапуваме посмело и побрзо. Во меѓувреме губиме една генерација на млади луѓе кои што можат да ја засилат демокиратијата во нашата земја. Kолку ова трае толку повеќе трае помалку демократија ќе имаме повеќе авторитативни општества.
„Не смееме да престанеме да создаваме сојузи во борбата за човековите права и слободи“, додаде Истрефи.
Со над 20 години во граѓанското општество, Астрит Истрефи е специјализиран за спречување конфликти, градење мир и развој во кревки контексти. Водел комплексни програми, буџети и тимови во Западен Балкан, Централна Азија, Кавказ, Авганистан, ОК и САД. Како директор на Балкан Форум до 2023 година, истакната тинк-тенк организавија со седиште во Косово, тој придонесе за клучните регионални иницијативи. Неговата експертиза опфаќа стратешко планирање, човечки ресурси, истражување и застапување во областите на демократизација, избори и безбедност на заедницата.
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.