Според политикологот и аналитичар, Благојче Атанасовски, зад т.н францускиот предлог, односно како што вели европски предлог, застана високата американската и европска дипломатија.
„Мислам дека таа беше и клучна на Самитот на НАТО во Мадрид, кога ние го прифативме тој видоизменет предлог. Сакам да нагласам дека целата западна, меѓународна зедница застана зад тој предлог. Исто така би сакал да се надоврзам на комплексноста на тој евентуален референдум. Нема да навлегувам дали е издржана уставно-правната процедура на одлуката на Собранието, туку само ќе додадам дека многу добро уставно-правно толкување даде Доцентот на Правниот факултет, Денис Прешова, кој ги објасни политичките реперскусии на тој евентуален референдум.
Имено, се поставува прашањето – доколку тој референдум се случи, што понатаму. Јас сметам дека тој референдум доколку се случи ќе биде апсолутно неуспешен“, истакна Атанасовски.
Атанасовски нагласи дека сака да ја види трансформирана Северна Македонија како земја членка во ЕУ.
-Сакам да истакнам неколку поенти околу политичките реперкусии на евентуалниот референдум. Се поставува прашањето – Доколку референдумот се случи што тој би донел во Македонија? Да не се повторувам, сметам дека тој ќе биде неуспешен и тука сакам да истакнам една работа – што доколку во Бугарија некои крајно радикални структури подготват иницијатива за собирање потписи и да го постават прашањето – Дали бугарските граѓани се задоволни од т.н француски предлог?
Доколку Бугарите излезат на референдум, ние ќе влеземе во многу сериозни води на исчекување на одлуките на македонските и бугарските граѓани и ќе бидеме во ситуација да го срушиме целокупниот евро-интеграциски процес. Знаеме дека после две, две ипол години, после тоа бугарско вето, со вклучување на највисоката и директна европска и американска дипломатија се постигна овој договор, кој за жал беше манипулиран од руски хибридни закани, полупласирани информации, со невистини и полувистини и во тој случај македонските граѓани нормално беше емотивно да реагираат, вели Благојче Атанасовски, аналитичарот и политиколог на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Зад димната завеса: „Со референдумот, или на него“, одржана на 16 септември 2022 година во Скопје.