• Latest

Атина изненадена од македонскиот предлог

March 23, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Атина изненадена од македонскиот предлог

March 23, 2018 11:03
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Слетувањето на скопскиот аеродром по пауза од 12 години, шеширот на Коѕијас, но и различните позиции на Скопје и Атина во преговорите, се дел од точките на кои грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за вчерашното пристигнување на министерот за надворешни работи на Грција, на скопскиот аеродром.

Освен делегација од грчкото МНР, со Коѕијас во Скопје пристигнаа и новинари од различни грчки медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките телевизии во синоќешните централни изданија на вестите, имаа вклучувања во живо од Скопје.

Климата во пресрет на разговорите би рекол дека е чудна. Постапката на скопската страна оддеднаш  да прати текст со забелешки, на два дена пред средбата, предизвика загриженост во Атина, затоа што тоа не беше предвидено од процесот за кој се договорија двајцата премиери во Давос.

„Овој текст како да беше напишан од самиот Груевски, затоа што ги содржеше сите радикални позиции на скопската страна“, објави грчката државна телевизија ЕРТ, повикувајќи се на дипломатски извор, во јавувањето на нивниот новинар од македонската престолнина.

„Се покажа дека во двата текста од Атина и Скопје, постојат важни разлики, а главниот „трн“ е Уставот. Грција смета дека по секоја цена треба да има уставна ревизија и да се смени уставното име затоа што само така ќе важи ерга омнес. Скопјаните, пак сакаат двојна формула“, рече новинарката на ТВ Антена.

„И двајцата министри сакаат да најдат решение, но не е лесно. Дознаваме дека 20 страници е грчкиот предлог, пет страници се скопските одговори. Се согласуваат само за името, а Горна Македонија е предлогот што преовладува. Не се согласуваат за Уставот, за идентитетот“, јави новинарката на грчката телевизија Стар, во директното вклучување од скопскиот аеродром.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текст под наслов „Историско слетување на Коѕијас на аеродромот во Скопје“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција, бил топло пречек особено од македонските телевизиите од ПЈРМ на снежниот аеродром во Скопје.

Грчката телевизија Скај, пак, со комплетно спротивен коментар, Коѕијас не бил пречекан од официјален претставник на македонското МНР.

„Би рекол дека преовладува смрзнатост и ова не се однесува на ниските температури во Скопје, туку студот се однесува на пречекот и на климата во која пристигна министерот за надворешни работи. Говориме за прва посета со директен лет од Атина за Скопје, но немаше ниту едно официјално лице од скопската влада, ниту министерот за надворешни работи на Скопје, ниту некој друг, само бирократи од МНР, коментираше новинарот од грчката ТВ Скај, во јавувањето од Скопје“, објави МИА.

Грчките новинари коментираат дека денешниот ден е особено важен, бидејќи по маратонските средби во Скопје ќе се разјасни дали има поклопување на позициите на двете земји во пресрет на состанокот со медијаторот Нимиц во Виена, следниот петок.

Грчките медиуми во продолженија ја објавуваат програмата на шефот на грчката дипломатија за денешниот ден и средбите со неговиот македонски колега Димитров, со премиерот Заев, претседателот на собранието, Џафери, лидерот на ДУИ, Ахмети и претседателот на ВМРО, Мицковски.

Дел од грчките портали, објавувајќи фотографии од пристигнувањето, го коментираа шеширот на Коѕијас, јави дописникот на МИА од Атина.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грцијагрчки медиумиимеМакедонијареакциисредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ