Специјалниот известувач од Украина за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска утрово е во Киев и јавува за најновите случувања во земјата која повеќе од еден месец е цел на жестоки напади на руската воена машинерија.
-Во текот на вчерашниот ден целата територија беше под опсада. Во Киев има чек поинти, се внимава во цел град, има барикади од секаков вид. Мојата проценка е дека тенк овде не може да влезе. Контролата е огромна, се запираат автомобили, се отвораат багажници, вели таа.
-Одбраната на главниот град изгледа добро и жителите почнаа да се чувствуваат безбедно, пренесува Атовска.
-Од она што можам да го забележам, овде во Киев сите го чекаат тој референдум за да можат да се изјаснат. Има неколку клучни точки за кои жителите на Киев не се согласуваат, а претседателот Зеленски ги најавува. Се чека да се види што конкретно ќе договори Зеленски. Ако ги прашате граѓаните на Киев, тие се бореле за окупираните региони и не се подготвени да се откажат од нив, вели Атовска за ставот на Украинците околу можноста за отстапување на дел од територијата на Русија.
Атовска јавува дека во изминатите два дена пријавени се 11 киднапирани градоначалници од источните региони.
Проследете го целиот извештај од главниот град на Украина во видеото