• Latest

Украинските сили се повлекоа од Авдивка, Зеленски смета дека тоа е последица од намаленото снабдување со оружје од Западот

February 17, 2024
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026

„12:05“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Триаголен судир

September 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Македонија или ЕУ

September 27, 2026

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили се повлекоа од Авдивка, Зеленски смета дека тоа е последица од намаленото снабдување со оружје од Западот

За повлекувањето од Авдивка се огласи и украинската амбасадорка во Северна Мекедонија, Лариса Дир, која во својот твит на 724 ден од целосната руска агресија врз Украина, ги цитира зборовите на претседателот Зеленски дадени на конференцијата во Минхен „Нашите дејствија се ограничени само со доволноста и опсегот на нашите средства за уништување“ -

February 17, 2024 12:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинските сили се повлекоа од стратешкиот источен град Авдивка, напуштајќи ја фабриката за кокс и хемикалии што беа последно упориште против Русите кои напредуваа, изјавија високите воени претставници на Украина – ставајќи ги московските сили на прагот на нивното најзначајно бојно поле на победа од заземањето на Бахмут минатиот мај, пишува Вашингтон пост.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, призна дека во тек е повлекување од Авдивка. Украинските сили се соочуваат со недостиг на муниција, оружје и војници, бидејќи пакетот помош од околу 60 милијарди долари предложен од претседателот Бајден останува блокиран од републиканците во Конгресот.

Тој, исто така, ги повика западните земји да ѝ помогнат на Украина да го победи „чудовиштето“, како што тој го нарече рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот лидер ќе ги направи следните неколку години „катастрофални“ за уште многу земји како Украина, ако западниот свет не му се спротивстави, нагласи украинскиот претседател.

За повлекувањето од Авдивка се огласи и украинската амбасадорка во Северна Мекедонија, Лариса Дир, која во својот твит на 724 ден од целосната руска агресија врз Украина, ги цитира зборовите на претседателот Зеленски дадени на конференцијата во Минхен.

724. „Нашите дејствија се ограничени само со доволноста и опсегот на нашите средства за уништување“ – Претседател на Украина Володимир Зеленски, Минхенска конференција, 17.02.2024#RussiaIsATerroristState

— Larysa Dir (@dir_larysa) February 17, 2024

724. „Нашите дејствија се ограничени само со доволноста и опсегот на нашите средства за уништување“ – Претседател на Украина Володимир Зеленски, Минхенска конференција, 17.02.2024, напиша Дир.

Генералот Олександр Сирски, кој го презеде раководството на украинската војска, изјави дека украинските сили се вратиле на побезбедни позиции надвор од градот, кој пред војната имаше 32.000 жители.

„Решив да ги повлечам нашите единици од градот и да започнам одбрана од поповолни линии за да ги спасам животите и здравјето на војниците. Нашите војници достоинствено ја извршија својата воена должност, направија се што е можно за да ги уништат најдобрите руски воени единици, му нанесоа значителни загуби на непријателот“, истакна Сирски.

Украинските воени претставници објавија дека Русија вчера започнала големи напади во областа Авдивка. Некои украински војници биле заробени додека се обидувале да се преместат на нови позиции, велат тие, додавајќи дека е тешко да се евакуираат ранетите поради континуираното руско гранатирање.

Авдивка, лоцирана на 15 милји од руската окупирана регионална престолнина Доњецк, има стратешка и логистичка вредност за Москва и е цел на нејзините напади од 2014 година. додека украинските сили таму во последниве месеци ги издржаа руските ракети и копнените напади во кои беа вклучени пешадија, оклопни возила и воздушна поддршка.

Зеленски го именуваше Сирски за главен командант на Украина на 8 февруари, заменувајќи го генералот Валери Залужни. На неговата претходна позиција како командант на копнените сили на Украина, Сирски беше критикуван дека можеби предолго чекал да се повлече од Бахмут, друг источен град, кога минатата година беше под опсада.

Бахмут стана симбол на украинската истрајност, бидејќи украинските бранители се држеа со месеци и им нанесоа големи загуби на руските сили пред да се повлечат и да го предадат градот во мај. Сепак, украинските сили претрпеа и големи загуби – покренувајќи го прашањето дали загубите се оправдани, со оглед на релативно ниската стратешка вредност на Бахмут.

Спротивно на тоа, одлуката за повлекување од Авдивка, стратешки повредна локација, беше донесена само неколку дена откако Сирски ја презеде целосната команда – што е јасен одраз на проблемите на Украина на линијата на фронтот и нејзината потреба да ги зачува муницијата и војниците.

„Сега големите прашања се колку скапо ќе чини повлекувањето и квалитетот на следната одбранбена линија“, истакна на социјалните мрежи Роб Ли, виш соработник во Институтот за истражување на надворешната политика во Филаделфија.

Украинските сили се чини дека спроведуваат „релативно контролирано повлекување“, додека руските трупи се обидуваат да го комплицираат или спречат тоа, се вели во вчерашниот извештај на Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во Вашингтон.

Украинските воени лидери ги пофалија војниците за нивните напори да ги задржат Авдивка и фабриката за кокс, некогаш главен работодавец во регионот.

„Им благодарам на борците за достојната битка што му ја дадоа на непријателот во Авдивка, во услови на целосна квантитативна супериорност на Русите во однос на војници, опрема и муниција“, напиша Андриј Билецки, командант на 3-та одделна јуришна бригада, на платформата Телеграм.

Руските сили „фрлија 60-80“ воздушни бомби „за еден ден“ врз фабриката, напиша Максим Жорин, член на бригадата вчера на Телеграм.

Г. Т.

Tags: Авдивкаповлекувањеукраински сили
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ