Авион од Бангладеш се урна во близина на меѓународниот аеродром во главниот град на Непал, Катманду.
Според очевидците се гледа огромен облак чад на местото каде се претпоставува дека паднал авионот.
Според аеродромската управа во Катманду, авионот не успеал да слета на пистата и се урнал на фудбалски терен во близина на аеродромот.
Се претпоставува дека има жртви.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.