• Latest

АВМУ: Лагоден теферич за набљудувње на состојбите во радиодифузниот простор

May 27, 2024

24 ЧАСА: Советник во Кочани удри службеничка со шише по глава; Трамп му наложи на Путин прво да посредува – со Русија; израелска болница директно погодена од иранска ракета; ослободени осомничените за настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025

Унгарската полиција сепак ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

June 19, 2025
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

АВМУ: Лагоден теферич за набљудувње на состојбите во радиодифузниот простор

May 27, 2024 07:22
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Суштината на постоењето на оваа институција не е да прави друштво во соопштенијата од новинарските здруженија, туку да биде контролор на јавното добро – етерот.
  • Правата на новинарите и нивната безбедност има кој да ги чува, а Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во основа треба да е поставена наспроти сопствениците и уредниците на радиодифузните медиуми
  • Зошто толку долго трае „мандатот“ на луѓето на клучни позиции во јавниот медиумски сервис и медиумското регулаторно тело? 

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

ЦИВИЛ МЕДИА

Еден од муабетите кои деновиве се вртат во новинарската социјална сфера е дилемата дали новиот исход на парламентарните избори ќе донесе промена во составот на двата битни столба во сферата на аудиовизуелните комуникации. Или поточно – дали долгиот рок на траење на раководствата во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Македонската радиотелевизија (МРТВ) ќе имплицира промена?

Оние кои поставуваат прашања, самите си одговараат дека политичката промена пак им легна на истите членови на раководните тела во овие институции кои ги донесе таму ВМРО-ДПМНЕ (или го сторија тоа неговите партиски трабанти), додека СДСМ не се ни обиде посериозно нешто да смени во нив. А сега одново црвено-црните немаат потреба да менуваат нешто во кадровскиот состав на „заслужните“, секако само за нивната политичка кауза?!

Но, мојот одговор кај тие дилеми е дека така слатка позиција во животот е како добивка на лотарија – зошто таква среќа при извлекувањето да имаат само грст луѓе? Па белки од медот треба да сркнат и сите оние кои во претходните седум години чекале трпеливо за да добијат некаква позиција која не бара некаква посебна активност (се претпочита неактивност), а добро се наградува секој први во месецот.

ЖИВОТ ВО ИДИЛИЧЕН МИР Гледано од „дневната соба“ на АВМУ ние живееме во една релаксирана идила, која просто не треба да се нарушува (фото: Elizeu Dias / Unsplash)

Нема промена без двотретинско мнозинство во Парламентот?

Едно од прашањата што деновиве се поставуваат без стопроцентна децидност во одговорот, е дали најсилната парламентарна опозициона група во парламентот по последните избори може да предложи свој човек за раководител во МРТВ и АВМУ, како и во ДИК, но и други институции? За ова прочитав деновиве и малку ми стана појасно од каде „дува ветерот“ во однос на тоа што ДУИ го споменуваат СДСМ во контекст на нивната полемика за тоа кој би бил старо-нов коалиционен партнер на Владата.

Факт е дека Мицковски не би сакал да има свој партнер од коалицијата која е на чело на власта во периодот после 2016 година, значи ни социјалдемократите ни унионистите. Во тоа е јасен!

Но, од тоа кој ќе биде втора по бројност и воедно најсилна опозициска група во Парламентот зависи кој во кадровска смисла ќе ги има позициите во споменатите (и многу други) институции кои би имале свое влијание во политичкиот живот на земјава.

Ако се гледа практиката и законските одредби, барем за двете институции поврзани со медиумите, таквата констатација е извртена и практично без основ. Во Парламентот со двотретинско мнозинство се бираат членовите на советите во двете институции (АВМУ и МРТВ), потоа тие самите меѓу себе бираат кој ќе биде претседател. Нешто слично се случуваше со изборот на Антикорупциска, ако можеме да правиме споредби. Таа постапка ќе се спроведеше веќе два пати во претходниот парламентарен состав во однос на АВМУ и МРТВ, бидејќи, имаше јавен конкурс на кој се јавија личности кои имаа врска со она што треба да се работи во двете јавни институции; навистина, по конкурсот за Советот на МРТВ имаше несразмерно помалку кандидати, но сеедно, тие не се реализираа!

ВМРО-ДПМНЕ во двата случаи одбра да си го задржи комодитетот со постојните прислужнички „посади“, иако должината на мандатот на постојните советници таму е дел од една долга историја. Спокојот со кој тие владеат со медиумскиот простор е вистинска збирка на бајки (ќе речев на браќата Грим, ама таму има барем малку драматика).

РААТ Ова е зградата на раатот – луња имаше само околу обезбедувањето на просторот каде ќе се гради, кога министерката Јанкуловска извади и борни коли за да растури протести

Што ќе се случи, ако се случи?

Оние кои имаат „добар нос“ за потезите на новите пратеници претпоставуваат дека изборот ќе биде молневит, што би се рекло „додека Власите не се досетат“ – веднаш по формирањето на собранискиот состав и изборот на претседател на Собранието, веројатно ќе биде распишан конкурс за советници во двете институции и автоматски ќе се анулираат двата претходни конкурси, иако тие од техничко-правен аспект беа релевантни!

Доколку изборот се врши од еден мешан состав (како кај Антикорупциска), би требало истите да се изберат и тоа со учество на невладиниот сектор, ама тоа не мора да е толку транспарентно овој пат – новата власт е скарана со било какво „ачик“ одлучување, па ќе се оди на некакво носење одлука во експрес постапка. Иако, се чини, дека и новиот состав нема да има две третини за такви одлуки. А избраните советници инаку и во АВМУ и во МРТВ ќе треба да одберат нови раководители од својот состав. Тоа е повеќе од сигурно.

Основното прашање секако не е поврзано директно со начинот на кој се избираат оние кои треба да носат на себе одговорност за квалитетот на јавниот радиодифузен простор и за она што се нарекува „за редот“. Во случајот со АВМУ постои суштинско промашување на улогата на институцијата – место да бидат чувари на јавниот интерес во однос на корисниците на истиот простор кој е наш, заеднички, тие станаа чувари на корисничките интереси во однос на јавноста! Сосема спротивна насока на дејствување!

Да речеме, имало некаков напад на некој новинар, па ќе се јават здруженијата, па и АВМУ, за да има нешто да се фатат како дневна активност. Но, нема секогаш копирање на активностите на новинарските здруженија – зависи за која редакција се работи, нели? Правото на заштита на слобода на информирањето повеќе важи тогаш кога се работи за новинска куќа која е блиска до заштитничките позиции на АВМУ, да нема забуни.

Тоа секако важи и за новинарските здруженија, во нешто помала мерка. Како автор, добро се сеќавам на обидот на АВМУ да се направи „на Тошо“ во мигот кога еден наш колега (од друштвото на Ленинова) бесеше слики на познати новинарски имиња на јаже во политичка емисија која одеше во континуитет, постапка чија симболика не трогна многумина, а на поединечни критики (па и мои) надредениот раководител на телевизијата (Канал 5) отишол дури во Американската амбасада (!) да се жали за напишаниот збор.

Да не ја должиме понатаму, многу беше симптоматичен тој однос кога АВМУ миеше раце од било каква проблематична ситуација, а тоа беше греда во окото на сите надлежни институции заради класична злоупотреба на корисникот на јавниот простор во акција против носителите на слободата на печатот.

Ако нешто укажува на некаков поголем „ангажман“ во АВМУ, тоа е фактот дека сѐ почесто имаме некаков комплот со новинарските здруженија, во форма на заеднички соопштенија, да се истакне нивното сојузништво без оглед на тоа што таквото братство по дефиниција не би требало да е одржливо.

Правата на новинарите – работници ги чува Синдикатот, правата во една поширока смисла (отвореност на изворите, безбедност и слично) ги чува ЗНМ, правата на сопствениците соодветната асоцијација (најуспешна и најмолчалива), додека АВМУ треба да го чува јавниот интерес: што добиваме од оние кои користат фреквенции, кои се практично бесплатни, но претпоставуваат дека од нив се очекуваше соодветен одговор кон заедничките вредности.

СЕАД КОЧАН „Оној со ибицата“ беше притиснат да основа и финансира телевизија која цело работно време ќе биде на услуга на Груевски

Сиромашна земја со толку радиодифузери – од каде се парите за опстанок?

Самиот факт што во една сиромашна земја, со скромни ресурси (вредноста на рекламниот простор последните децении е зацементиран на 30 милиони евра) и понатаму има над 120 радиодифузери, не може да се објасни со фактот дека некој порано, во периодот пред оваа екипа да влезе во АВМУ, издал толку дозволи. Впрочем, паралелата со официјалните пари кои влегуваат во овој бизнис и опстојувањето на толку фирми цели три децении, едноставно укажува на голема црна дупка токму во сферата на финансиите.

АВМУ во последните години секако издава нови одобренија за работа и прашањето е – зошто ги издава? Дали просторот не е презаситен или слуша некои надворешни импулси, го има како кредо што се вели она – „морално беше Пиги“, што се надоместува и она што според, метафорички, Дарвиновиот закон на природна селекција, отпаѓа од списокот во меѓувреме. Тоа може да е заради апс на основачот на ТВ Нова, газда Сеад Кочан, на пример. Како таа телевизија доби дозвола за работа е чудно, а уште почудно е – како доби дозвола за работа телевизијата на владиката Петар?

Ниту еден член на Советот не даде јавно објаснување зошто подигнал два прста за таквото решение, иако веќе можеби слично решение веќе е издадено за ТВ Едо кое во народот слови како „ТВ на оџата од Љубин“. Иако, споредбите не се соодветни, бидејќи, агресивното однесување на владиката Петар во јавниот простор е познато од порано и е дел од една агресивна, тврдо националистичка, проруска струја во земјава, додека споменатиот оџа си свири по комерцијални ноти, без мешање на било каква политика во работењето.

ТВ Вистел, демек телевизија на вистината, не открива како се финансира, а во првите прилози, како онаа за женењето на македонски младоженци со Русинки во одјавната шпица, стои името на Петровата епархија и благодарност за газдата на телевизијата. Впрочем, неговиот велигденски говор беше пример за директно мешање на црквата во изборите. Не чув дека имаше реакција кај релевантните ревизори на ТВ содржините, бидејќи ТВ уредниците секако би требало да водат сметка, на пример, за оваа порака емитувана на ТВ Телма на 5 и 6 мај, непосредно пред парламентарните избори: Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“.

КОЈ ПОДИГНА РАКА Никој од АВМУ не објасни дали одлуката за давање на телевизија на владиката Петар е донесена едногласно и зошто воопшто е донесена. За тоа кој стои зад неа е секако јасно

Широко затворени очи

Впрочем, изборите се еден од оние процеси кога токму АВМУ треба да отвори „четири очи“, бидејќи, треба да обезбеди фер, рамноправен натпревар меѓу оние кои учествуваат во нив. За време на познатите пржински договори меѓу власта и опозицијата пред речиси една деценија, прашањето на информирањето и практичното нефункционирање на АВМУ беше една од централните теми. Причината секако лежи во фактот што радиодифузните медиуми, но и оние печатените во најголема мерка, комплетно беа „фанови“ на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, особено после изборите во 2002 година, а со посебно стимулирана практика постоеше после изборите во 2006 година.

Глодурот на белградско „Време“ Филип Шварм, во текстот Макијавели на Балканот, коментирајќи ги изборите во Србија, Хрватска и сега во Македонија вели дека лидерите на десницата „напамет го знаат советот на Макијавели како, по секоја цена – со нокти и заби – да се држи власта. Само тоа им е примарно, сѐ друго е споредно. Се подразбира цинизмот, се зема предвид лажењето, се промовира газењето на демократијата.“

Оттаму АВМУ, порано Совет за радиодифузија, од демократска алатка се претвори во сателит на десницата со многу едноставна задача – да си траат, да мижат врз бомбардирањето на јавноста од страна на медиумите кои, видливо имаа еден центар, партиски, каде се креираше на долгорочна, но и дневна основа содржината на она за што јавноста треба да дознае. Ова се правеше со кратење на просторот на либералните содржини, со разни уцени на сопствениците на медиумите грубо се воспоставуваше контрола и врз најмалиот извор на скептицизам кон актуелните форми на национализам и клиентелизам на црвено-црните.

Да посочиме еден пример – дали се сеќавате на големите пари (750 илјади евра) што беа фатени кај шоферот на Срѓан Керим, сместени во шише од кока-кола? Керим беше сопственик на големиот издавач на печатени медиуми, МПМ? Дали тоа не беше оружје за уцена? Особено ако противтежа беше давањето на шанса за меѓународна репутација! Едноставно, тој предмет, дело на унгарската (!) царина, беше држен три години во нечија фиока во земјава, додека „самоиницијативно“ се гаснеа еден по еден печатените медиум. А додека лопатите од погребот на значајни весникарски наслови работеа зачестено, молчеше најголем дел од интелектуалната јавност…

Некој би рекол – што има тоа врска со АВМУ? Наведениот пример треба да послужи како илустрација за тоа како функционираат нештата. Да се вратиме на изборите и воопшто на праксата на овој медиумски регулатор. Во текот на годините – никакви промени во зоната на чување на јавниот интерес. За време на изборите ќе излезат со одвај два примери за несоодветно однесување на некој радиодифузер, иако котелот на еднонасочниот притисок кон јавното мислење заради поддршка на десницата просто вриеше.

ЗАГРИЖЕНОСТ АВМУ изрази загриженост околу законската можност да се финансираат медиумите за време на избори, ама нема загриженост како тие медиуми се финансираат без тие пари, а убаво си живеат?

Што се случи кога се донесе мораториум на работата на АВМУ во 2016 година?

Кога конечно, во 2016 година (не за одложените пролетни избори кога АВМУ изброја, вообичаено, само две прекршувања на фер-правилата за изборите!) се стави привремен четиримесечен мораториум на контролата што ја вршеше советот на АВМУ. Тогаш се прогласи бојкот од страна на ЗНМ (!) за тој чин! Чија беше нарачката на бојкотот? Па на сопствениците на медиумите, секако, бидејќи тие во стартот на работата на ад-хок телото кое ја презеде набљудувачката позиција се обидоа да направат „состанок“ со цел вршење притисок за неказнување. Тие беа одбиени во тој притисок, ама остана впечатокот дека требаше само да ја демонстрираат својата супериорност во стилот „никој ништо не ни може“ кога зад нив стои Големиот брат, конкретно Груевски.

Ад-хок телото најде при мониторингот во есента 2016 година повеќе од 100 тешки прекршувања на фер плејот. Беа поднесени прекршочни пријави! Не две или, се чини, ниту едно, како на последниве избори (!) туку троцифрена бројка.

Ова е таа драстична разлика, ако навистина се следи неопходниот терк за оценување на програмата (во изборни услови) и кога тоа не се прави колку да се рече. Годинава АВМУ, ако се водиме според официјалната веб страница, кампањата ја преспа. Има само укор до дистрибутерот на ТВ провајдерот Тотал, небитна за периодот кога тоа се прави – АВМУ беше отсутен од пропагандната „битка на Косово“ како Вук Бранковиќ! Човек да се надева дека кафето и чајот беа добри во тие денови…

Во меѓувреме, дознаваме дека еден член на Советот заминал во амбасадори (значи по заслуга!), но немаше аларм за пополнување на празното столче, за да не се бранува интересот за АВМУ. А се слуша и дека таму има таков комодитет во работењето што се остава апетит и за некои професорски амбиции. Но, тоа заслужува поголем простор.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ