• Latest

АВМУ е недоволно ефикасна, а АЕК е нетранспарентна!

June 28, 2017
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АВМУ е недоволно ефикасна, а АЕК е нетранспарентна!

June 28, 2017 15:45
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за елктронски комуникации (АЕК), како дел од проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch”, се под постојан надзор на граѓанските организации „Евротинк – Центар за европски стратегии“, НВО Инфоцентар, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што квартално излегуваат со извештај од набљудувањето на нивната работа.

Вториот квартален извештај од мониторингот на работата на АВМУ и АЕК, денеска го презентираа Билјана Бејкова од НВО Инфо Центар, Неда Чаловска, правна советничка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Горан Лазаров, проектен координатор на Евротинк и Бардил Јашари, извршен директор на „Метаморфозис“.

Работата на овие две агенции во периодот јануари – март 2017, беа мониторирани од аспект на транспарентноста и отчетноста, ефикасноста и независноста, перформансите и извршувањето на јавниот интерес. 

Резултатите покажуваа дека АВМУ е подложен на политичка/партиска наклонетост, а ефективноста може да се мери по 20 постапки за порамнување што завршиле неуспешно и за нив се бара прекршочна постапка за изрекување глоба, а непочитувањето од судовите на законските регулативи, ја одолговлекувало работата на АВМУ. Што се однесува до јавниот интерес, мрежата за медиумска писменост е позитивен чекор, додека препознавањето на говорот на омраза, резултира со две прекшочни постапки, за кои ОЈО одби да постапи по барањето на Агенцијата.

„Со оглед дека овој документ го опфаќа Годишниот извештај за 2016 на АВМУ, нотиравме дека единствено два случаја на говор на омраза се препознаени од Агенцијата. Со оглед дека АВМУ врши систематско следење на медиумите во текот на целата година, со оглед на изборите во 2016 кога беа забележани најголем број случаи на говор на омраза и повикување на насилство, ова бројка од два случаја прилично разочарува, но од друга страна, е показател дека Агенцијата почнува да се отвора кон следење и санкционирање на говорот на омраза, што не беше случај во претходните години“, изјави Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет.

Што се однесува до работата на АЕК, замерките беа на нефукционалноста на сите три Интернет страници и немањето информации за раководството на АЕК и за членовите на комисијата.  Исто така, голем проблем и показател за нетранспарентност се годишните планови за јавни набавки за 2016 и 2017, што не се објавени на нивната Интернет страница. Споровите за кои АЕК е тужен се непознати, а извештаите за донациите до ЈСП Скопје, Зоолошката градина, МРТ, Велосипедската федерација и Општина Гази Баба од висина 180 милиони денари се непотполни со информации! Особено е спорна е донацијата на Велосипедската федерација, во време кога директорот на АЕК бил и претседател на Федерацијата, со што има конфликт на интерес, за што од директорот нема никаква реакција.

Текст и фото: Биљана Јордановска

Tags: АВМУАЕКБардил ЈашариБилјана Бејковаговор на омразаГоран ЛазаровизвештајмониторингНеда Чаловска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ