• Latest

Јавна раправа: Потребен е паралелен увоз на лекови, но со зајакнати контролни механизми

April 2, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавна раправа: Потребен е паралелен увоз на лекови, но со зајакнати контролни механизми

April 2, 2018 15:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Паралелниот увоз на лекови, што се применуваше во досегашната законска рамка, можеби заштеди одредени средства, но овозможи и увоз на неквалитетни лекови, па дури даваше можност за да се увезат фалсификувани. Придонесе големите фармацевтски компании да заминат од Македонија. Затоа се потребни измени кои ќе ја зголемат сигурноста и ќе го гарантираат квалитетот. Можеби треба да се размислува од законот да се отстранат земјите од каде доаѓаат лекови со сомнителен квалитет или пак тој целосно да се укине.

Ова се дел од ставовите на учесниците на денешната јавна собраниска расправа организирана од Комисијата за здравство за ефектите од примената на паралелниот увоз на лекови.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека измените што се предложени одат во насока на зголемување на квалитетот и сигурноста, заради што, ќе се бара сертификат од производителот, но и сертификат за испитувањето на тој лек во соодветна лабараторија акредитирана во Македонија. Такви, додаде, има две во Македонија, а ако не може да се испита сертификатот тука, тоа ќе се прави во некоја европска лабораторија. Дополнително, рече, ќе се дава и сертификат за следење на транспортот од производителот до Македонија.

– На ваков начин сме сигурни дека целосно го обезбедуваме квалитетот на лекови што влегуваат во Македонија. Се надеваме и дека ќе ги вратиме големите фармацевтски компани на македонскиот пазар, кои ги затворија претставништвата. Тие не се само индустрија што продава лекови, и вложува во истражување нови, рече Филипче.

Измените како потребни ги оцени и Калина Гривчева Старделова од Лекарската комора, бидејќи рече, и покрај добрата намера да се добијат поефтини цени на лекови, тие треба да бидат најсоодветни и квалитетни.

– Почнавме да се сомневаме во квалитетот на лековите, но се најдовме во состојба да немаме каде да ги пријавиме несаканите дејства, затоа што кога лекот е набавен со паралелен увоз производителот не може да го гарантира квалитетот, рече таа.

За директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Роберт Бекировски паралелниот увоз на лекови е најдобро да се прави со земји со кои Македонија има усогласена регулатива.

– Кога зборуваме за она што го увидовме досега би можеле да кажеме дека ефектите се само од економска природа и резултираа со намалени цени пред се на лековите за болничка употреба. Но, здравството не е обична трговија и екомомските параметри не можат да бидат единствена призма низ која ќе се гледа некој процес, рече тој, додавајќи дека нема податоци за терапевтските исходи на лековите.

Зоран Гучев од Детската клиника од Скопје забележа дека не треба априори да се осудува паралелниот увоз на лекови. Тој, рече, е добар доколку е сигурен и притоа обезбеди и квалитетни и поевтини лекови.

Според него, спорно е што во Македонија нема лабаратории што можат да кажат какви се биолошките ефекти на лековите, туку само за активната супстанца и стерилноста на лекот.

Сертификатите за транспортот, рече, треба да се даваат од производителот до Македонија, но и за серијата која ќе биде увезена во земјава, а не само за било која серија на производителот.

За Весна Стојмирова од Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ решението за да не се доведат пациентите да се третираат со неквалитетни лекови, што неа и се случило како пациент со лек од ваков увоз, е да се отстранат земјите од кои доаѓале спорни лекови.

– Мене сертификатите не ми значат ништо, не ми влеваат сигурност, ниту од производител, ниту кои било кои други, бидејќи од информациите што ги чувме дури 40 посто од овие лекови биле фалисификати, рече таа.

Затоа додаде можеби би било најдобро, законот како што беше донесен така и да биде укинат.

Дека ваквиот увоз овозможил евидентен неквалитет, доказ се инсулините посочија од здруженијата за дијабет, бидејќи, како што рекоа, со нив не можело да се постигне регулацијата на шеќерот во крвта.

[divide]

извор: МИА

Tags: лековиМакедонијамедицина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ