• Latest

Хазири: Медиумите се најверен партнер на цивилното општество

January 31, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хазири: Медиумите се најверен партнер на цивилното општество

January 31, 2018 11:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лулзим Хазири, извршен директор на невладината организација АДИ, во разговор за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставуваат слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Хазири: Медиумите се основа за демократијата на земјите, и уште повеќе за демократијата на државите коишто долго време биле под режим и со контролирани медиуми. Така што, како општество коешто се стреми кон демократија, треба да им дадеме поголема важност на слободата на медиумите затоа што со слободни медиуми ќе имаме и поинформирани граѓани и ќе знаат повеќе за своите права, кои се нивните права и како можат да ги уживаат.Под слободни медиуми се подразбира и слободно и добро информирање на граѓаните, живееме во време на лажни вести коишто се многу проширени за различни цели и се разбира дека слободни и професионални медиуми би дале видлив придонес во овој правец. Мислам, во правец на подобро и вистинско информирање на граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин придонесувате или можете да придонесете во борбата за слобода на изразување и медиумските слободи?

Хазири: Како организација којашто се бави со човековите права, ова се надоврзува и со слободата на говорот и слободните медиуми, и обично во нашите активности ги вклучуваме и медиумите, како партнери или како поддржувачи на нашите ективности, секогаш со цел да се постигне човековите права да бидат позастапени во општеството, истите да ги вклучат и медиумите како составен дел од нашите секојдневни активности. Медиумите се нашиот најверен партнер, и најсигурен, во правец на изнесувањето на нашите цели во општеството.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочиле со притисоци од политички и бизнис центри на моќ и како се справувате со истите?

Хазири: Асоцијацијата за демократски иницијативи долго време беше под константен притисок од одредени политички кругови во Македонија, во турбулентниот период од 2016-2017 кога се искривуваше името на организацијата, демонизирањето на цивилното општество, десоросоизацијата на цивилното општество, така што, се наоѓаа во многу списоци коишто тие кругови ги ширеа во јавноста и ги праќаа во Америка и кај донаторите коишто ја поддржуваа нашата иницијатива, но ние не им придававме важност и потполно  ги игнориравме овие напади врз нашата организација којашто им придава голема важност на доброто владеење внатре во организацијата и транспарентоноста во работата, така што тоа беше нашиот најсилен адут. И со овие вредности бевме посигурни во нашата работа.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на подобрување на состојбите со слободата на изразување и медиумските слободи?

Хазири: Слободните медиуми и слободното изразување треба да бидат константен стремеж, а не стремеж кон една измена на владата, владите и властите. Треба постојано да биде во средиштето на дејствијата на државните органи, би рекол, над сè. Сакам да кажам дека сите тие активисти што се занимаваат со слободни медиуми, треба да бидат многу поактивни и поинклузивни во однос на на донесување на легислативата која што ќе обезбеди слободни медиуми и слободно изразување. Мислам дека во секој закон што се припрема во правец на креирањето на еден демократски амбиент во медиумите, воедно треба да бидат активисти вклучени и во организациите коишти се бават со медиуми.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Вулнет Махмути


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамАДИЛулзим ХазириМедиумимедиумски слободипритисоцислобода на изразување
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ