• Latest

Азески: За искористување на потенцијалите на стопанството да се вложува во истражувања и развој

May 18, 2018
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Азески: За искористување на потенцијалите на стопанството да се вложува во истражувања и развој

May 18, 2018 10:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мора да се вложува со истражувања и развој за да се искористат потенцијалите на македонското стопанство, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески,  при учеството на 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување „Дигитална економија – двигател на економскиот раст“, што во изминатите два дена се одржа во Босна и Херцеговина.

Азески се обрати на панелот посветен на прашањата за инвестициските политики на земјите во развојот на дигиталната ера, со презентација на моделите и стратегиите за забрзан развој на малите земји преку примерот на Македонија.

Дискусијата се фокусираше на прашањата за институционалната политика на земјите во развој во процесот на дигиталната ера, во услови кога економскиот раст и развој на една земја најмногу зависат од пазарната ефикасност, технолошката опременост, високото образование и обуката на вработените.

– Македонија треба итно да ја зајакне основата на својата индустрија со цел да се овозможи одржлив раст на вкупната економија, создавање  повисоки вредности на економските активности, а својата иднина треба да ја гради врз ефикасноста на технолошката опременост и пазарната ефикасност, за што главен предуслов се инвестициите, рече Азески.

Тој потенцираше дека успешноста во справување со предизвиците во остварување на развојните проекции и искористување на потенцијалните можности на македонското стопанство, во значаен дел, зависи од вложувањата во истражување и развој, како и од примената на иновации и нови технологии.

Во Македонија, наведе Азески, постојат повеќе иницијативи кои во моментов се реализираат и кои имаат за цел да ги поддржат бизнисите во остварувањето на забрзан технолошки развој и воведување иновации. Целта на талвата поддршка е создавање нови работни места, економски раст и развој, како и подобрување на бизнис-климата преку развој на конкурентските способности на компаниите.

– Стопанската комора на Македонија и понатаму активно ќе биде вклучена во имплементирање на современите технолошки решенија, следејќи ги глобалните трендови од една страна, но и барањата и потребите на компаниите, од друга страна, истакна Азески.

(МИА)

Tags: АзескиДигитална економија - двигател на економскиот раст“СимпозиумСтопанска комора на Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ