• Latest

Баби и жаби

September 14, 2018
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Баби и жаби

September 14, 2018 12:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ме прашаа, како да гласаме на референдумот кога не ни се допаѓаат многу работи што ги прави СДСМ? Како да и дадеме поддршка на СДСМ кога сме поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ? Зар не е подобро да бојкотираме и со тоа да го искажеме своето незадоволство од политиките кои се спроведуваат?

Мирјана Најчевска

Мислам дека има едно мало недоразбирање во врска со гласањето на претстојниот референдум.

На референдумот не гласаме за избор на најдобра партија, или за избор на пратеници, или градоначалници или на советници во локалната самоуправа.

На референдумот не кажуваме дали ни се допаѓа или не управувањето на актуелната власт, нејзините политики, кадровски решенија, справување со проблемите во државата.

На претстојниот референдум не гласаме за СДСМ или против СДСМ, за Заев или против Заев, за ВМРО-ДПМНЕ или против ВМРО-ДПМНЕ.

На претстојниот референдум треба да го кажеме своето мислење за една многу конкретна работа: дали го одобруваме договорот направен со Република Грција со кој се отвора шанса  за влез во НАТО и започнување преговори со ЕУ или не. Ништо повеќе и ништо помалку.

Значи, ако гласам позитивно на референдумот не гласам за СДСМ, и ако гласам негативно на референдумот, не гласам против СДСМ.

Доколку референдумот биде успешен тоа не значи дека е добро управувањето на СДСМ, туку дека   граѓаните ја одобруваат и поддржуваат конкретната активност на владејачката структура (договорот со Република Грција). Тоа ништо не зборува за другите активности кои ги спроведува оваа владејачка гарнитура, за другите потези, за севкупното делување на Собранието и на Владата.

Ниту позитивното ниту негативното гласање на претстојниот референдум не ги спречува граѓаните да бараат отчет од власта за сите други постапки, да се согласуваат или да не се согласуваат со власта за низа други прашања, или пак да бараат или да не бараат спроведување на вонредни избори во врска со ова или било кое друго постапување на власта.

Воспоставувањето знак равенство меѓу постигнатиот договор со Република Грција и референдумското прашање поврзано со овој договор, од една страна, и, севкупното владеење на СДСМ, од друга страна, е спин на ВМРО-ДПМНЕ, и значи само оневозможување на граѓаните да го искажат својот став во однос на конкретно поставеното прашање и нивна манипулација со затскривање на една успешна акција зад грешките кои се направени во изминатиот период.

Ајде да расчистиме.

На претстојниот референдум гласаме за тоа дали го одобруваме или не постигнатиот договор со Република Грција кој очигледно ни обезбедува влез во НАТО и ја отвора вратата за сериозни преговори за влез во ЕУ.

Единствената врска која може да се воспостави меѓу гласањето на претстојниот референдум и проблемите кои мислиме дека произлегуваат од работењето на актуелната власт, е таа дека отворањето на вратите на ЕУ, значи шанса за влез на европските стандарди кои ќе ни овозможат полесно да се справиме токму со тие проблеми и со грешките на оваа и било која друга власт која ќе ја наследи во иднина.

Позитивниот исход на референдумот не е крај, туку е почеток на долг процес на менување. Позитивниот исход на референдумот воопшто не значи ниту дека оваа, актуелна владејачка структура ќе го истурка процесот на менување до крај. Позитивниот исход на референдумот само ќе значи дека секоја наредна гарнитура на власт ќе биде обврзана да го следи процесот на трансформација.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

 

 

Tags: гласањеГрцијаЕУМакедонијапојаснувањереферендумСпогодба
Share131TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ