• Latest

Бачовска: Нашиот медиумски систем нема интегритет

February 13, 2020

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Бачовска: Нашиот медиумски систем нема интегритет

February 13, 2020 12:35
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетската професорка Јасна Бачовска на панел дискусијата „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во организација на ЦИВИЛ, изјави дека проблемот со лажните вести и пропагандата е голем и глобален проблем и во меѓународната политика.

Таа вели дека најчесто како пример вакви манипулации најчесто слушаме за Америка, а многу помалку се спомнуваат европските земји.

Според Бачовска, во нашиот медиумски систем нема интегритет.

„Европските вредности велат не ги регулирајте медиумите, оставете на саморегулација, новинарството е отворена професија, секој може да отвори портал и ние не можеме ништо да направиме. Во поглед на регулација многу малку можеме да направиме, мораме да работиме на интегритет на медиумите. Во Македонија не се покажа политичка волја да се зајакне медиумскиот сервис, во ниедна влада, и немаме квалитет на медиумите“, изјави Бачовска.

Бачовска вели дека дури и утринските емисии кои ги гледаат граѓаните на телевизиите немаат никаква структура на програмите, нема емисии во кои ќе се зборува за владеење на правото, едукативни содржини или култура, па на граѓаните им останува да ги читаат порталите и да одлучат на кого ќе веруваат.

„Граѓанското општество може да направи нешто, преку вакви аларми, да се запрашаме на која публика и се обраќаме“, додава Бачовска.

Професорката Јасна Бачовска своето излагање го продолжи со нејзините очекувања за она што ќе се случува во однос на овие теми во наредниот период до изборите.

„Сега, со оглед на тоа што имаме техничка влада мислам дека ќе имаме добро реалзиран изборен процес“, вели Бачовска.

Во однос на медиумскиот дел таа не очекува некои големи промени.

„Од тој аспект имајќи предвид се што се случуваше за време на референдуот и претседателските избори не верувам дека овој пат ќе биде нешто поразлично. Политичките партии може да направат многу, односно да ја канализираат политичката дебата на социјалните мрежи. Мислам дека треба да покажат ниво на политичка одговорност. Но знам нема да покажат. Гледаме каква реторика се артикулира. Гледајќи ја таа реторика, тоа ја навестува целата прљавштина која ќе се артикулира во наредниот период“, смета Бачовска.

„Нормално е дека се чувствува разлика во слободата на медиумите сега и за време на режимот. Меѓутоа, можеби новата влада не ги артикулира и не врши притисоци врз медиумите, но како општество треба да се работи уште многу. Тоа е многу долг процес. Ние имаме многу ниско ниво на медиумска писменост. Истражувањата покажуваат дека сме патријахално општество, и дека граѓаните се информираат од дебатните емисии кои имаат многу големо влијание врз јавното мнение. Лидери во информирањето станаа дебатните емисии“, заклучува Бачовска

А. Петровска / М. Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ