• Latest

Бачовски: На крајот на годинава ќе имаме искористеност на ИПАРД еднаква на некои членки на ЕУ

January 24, 2024

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бачовски: На крајот на годинава ќе имаме искористеност на ИПАРД еднаква на некои членки на ЕУ

January 24, 2024 11:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој момент со сигурност можам да кажам дека успеавме за многу краток период да ја вратиме репутацијата во однос на ИПАРД – од земја со исклучително ниско ниво на искористеност, на држава лидер во регионот. Денес, по 6,5 години, сме лидери во Западен Балкан, со најмногу склучени договори, повеќе од Албанија, Србија и Црна Гора заедно, со најголема апсорпција на средствата од понудениот буџет од ЕУ. Сигурен сум дека на крајот на 2024 година ќе имаме искористеност на програмата еднаква на некои  земји членки на ЕУ.

Ова го истакна денеска директорот на Платежната агенција Никица Бачовски кој учествуваше на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува денеска во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Според него, заинтерсираноста за ИПАРД 3 е огромна. На првиот повик објавен минатата година за двете предвидени мерки пристигнале над 1 160 апликации. Буџетот на повикот бил 30 милиони евра, а со апликациите се бараат три пати повеќе или 96 милиони евра.

Бачовски очекува првите договори за финансиска поддршка од ИПАРД 3 да бидат склучени во вториот квартал од 2024-та.

-Со само еден јавен повик, заинтерсираноста е три пати поголема од она што е објавено. Ако Програмата треба да ја имплементираме до 2030 година, сигурен сум дека со оваа заинтересираност, на средината на програмскиот период ќе се обратиме до колегите од ЕУ и ќе речеме: „ги истрошивме сите средства“, истакна Бачовски.

Лидерското место во имплементирањето на ИПАРД покажува, оцени Бачовски, дека институционално земјава е подоготвена за брз влез во европското семејство.

-Огромен е растот на заинтересираноста и на подготвеноста на ИПАРД апликациите. При крајот на 2022 година си дадовме ветување дека ќе бидеме прва држава од сите кориснички која ќе почне со ипмлементација на ИПАРД 3. Во наше друштво се Турција, Албанија, Србија и Црна Гора. И така се случи. На 1 септември лани се обвјави првиот повик, за мерките 1 и 7, со што станавме прва земја корисник на ИПАРД 3. Но, први сме и по тоа што ИПАРД 3 како една од петте компоненти на ИПА, веќе почна со имплементација, а сите други ќе стартуваат годинава. Апликациите од ИПАРД 3 повикот се за инвестиции во трактори и земјоделска механизација, за системи за наводнување, нови насади, нови фарми или реконструкција на постоечките, за пчеларство,… За рурален туризам има 55 апликации – за инвестиции во сместувачки и угостителски капацитети, но има и за микро и мали бизниси – за нови хали, поставување фотоволтаици, најмодерни машини. Апликациите моментно се обработуваат. Сите што ќе бидат соодветни, ќе одат во фаза – контрола на терен и испитување на цените на пазарите по што, се надеваме во вториот квартал од 2024-та, ќе почне издавањето на првите решенија и договори за финансиска поддршка, напомена директорот.

Новитет, нагласи, особено за правните лица, е можноста за предфинансирање.

-Сите корисници за не повеќе од 60 дена по склучување на договорот, ќе може да дојдат со барање за авансна исплата до 50 отсто од кофинансираната сума. Ако инвестицијата е 100 000 евра, а следува поврат од 60 000 евра, може да се побара аванс до 30 000 евра што е 50 отсто од повратот, објасни Бачовски.

На панелот тој најави и дека наскоро ќе почнат прелиминарните состаноци со бизнисот за подготовка на новиот јавен повик за мерката 3 – инвестиции во нови преработувачки капацитети или реконструкција на постојните, инвестиции во опрема, обновливи избвори,…

Во оваа прилика, директорот на Платежната агенција потсети и дека се дава до 70 отсто поддршка за фотоволтаична централа за сопствени потеби.

Tags: БачовскиИПАРД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ