• Latest

Балканот под сачот на корумпираниот систем

March 27, 2025
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Балканот под сачот на корумпираниот систем

March 27, 2025 20:00
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Грција, Србија, Северна Македонија, во текот на месец март се соочија со граѓански протести со речиси идентични причини – загуба на човечки животи во несреќи поради системска неодговорност и корупција на државите во кои се протестира.

Србија

Во Србија, граѓаните веќе со месеци протестираат по падот на настрешница  на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, каде животот го загубија 16 лица.  Први со протестите започнаа опозициските партии и движења, на кои се бараа оставки на  премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

По притисокот од граѓаните, оставка даде премиерот Милош Вучевиќ  и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Протестите ги продолжија студентите од Србија, со тримесечна блокада на повеќе од 60 факултети во четири државни универзитетски центри, и блокадата на патиштата, преку кои студентите бараат одговорност од властите за смртоносниот пад на настрешницата и разоткривањето на корупцијата на државно ниво и ефективното работење на институциите без политичко влијание.

Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Најголемиот собир се одржа на 15 март во Белград, на кој студенти и поддржувачи од цела Србија бараа одговорност за смртта на ( тогаш) 15 лица при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите.

На 21 март почина и осумнаесетгодишно момче, шеснаесеттата жртва од падот на настрешницата во Нови Сад.

Грција

Во Грција, од 28 февруари граѓаните започнаа со масовни протести низ градовите на земјата, за да бараат правда за 57-те загинати  и над 100 повредени на истиот датум во 2023 година во железничката несреќа  каде два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија кај месноста Темпи.

Годишнината од несреќата беше одбележана со 382 протести, од кои 262 во Грција и 120 во странство,  со генерален штрајк  на синдикатите  со целосно парализирање на земјата.

Според извештајот на 178 страници на Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот (ЕОДАСААМ), две години подоцна, експертите забележуваат низа пропусти и недостатоци во грчката железница; уништени податоци и докази на местото на несреќата; можно присуство на непознато гориво што ја создаде огнената топка по судирот на патничкиот и товарниот воз, но и дека за пет до седум загинати, причината за смртта е пожарот.

Северна Македонија

По националната трагедија во нашата земја, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во која животот го изгубија 59 млади а околу 200 беа повредени, земјава се соочи со бран протести. Првите протести се одржаа во Кочани и Штип, ден по несреќата, на кои се бараше одговорност за пропустите во работата на соодветните институции.

По низа протести низ градовите, на 24 март се одржаа јавни собири во Тетово и во Скопје.

Под паролата „Системот е следен!“ на повик на иницијативата „Кој е следен?“, во вечерните часови  голем број граѓани се собраа на плоштадот Македонија во Скопје за да го искажат својот револт и да бараат правда и одговорност за трагедијата во Кочани.

Фото: Фронтлајн

Во 11:30 во Тетово се одржа јавен собир во организација на инцијативата „Нула“, на која граѓаните изразија револт поради голем број трагедии ( модуларната болница во Тетово, автобусот на Беса транс во Бугарија, Ласкарци)  и побараа одговорност.

Најавен беше и јавен собир на студентите на УКИМ, но сепак го одржаа зад затворени врати за медиумите и јавноста.

Протестите за барање одговорност за жртвите од Кочани, но и за сите други за кои се уште нема правна разврска, ќе продолжат и во следните денови, а веќе е закажан собир на 29 март.

Што прават политичарите додека од нив се бара одговорност?

Во Северна Македонија, по трагедијата во Кочани властите ја започнаа истрагата за одговорноста на институциите и поединци врзани со причините на пожарот во кој животот го загубија 59 млади лица, околу 200 се повредени, а стотици луѓе останаа без своите најмили, а да не зборуваме за тоа дека со овие животи, се изгаснаа идни генерации.

Спектакуларни апсења пред камери, прес конференции од премиерот и министерот на МВР, само не на директно надлежните лица од надлежните институции. Но, и невиден пи-ар на врвот на Владата во вид на припишување  заслуги…

Во Србија, додека земјата е на нозе и преплавена од протести и барања за промена, односно паѓање на актуелната власт,  претседателството, меѓу другото,  реши да формира Национално движење за народот и државата во кое ќе ги обедини патриотите за напредок на Србија.

Во Грција, опозицијата побара да се изгласа недоверба на актуелната влада, но не успеа, пратениците и изгласаа доверба.

Заеднички именител на граѓанските протести на Балканот е системската корупција, а во моментов се чини дека најсилниот граѓански глас доаѓа од Србија.

Подготви: Дијана Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ