Во денешниот напад на израелската воена авијација во Појасот Газа, најтешко настрада еден блок во бегалскиот камп Џабалија, каде што, според првите извештаи од Ал Џезира, има повеќе од 100 загинати и најмалку 300 ранети и повредени. Акцијата за спасување на преживеаните под урнатините е во тек. На фотографијата (од видео снимка на Ал Џезира), се гледа спасување на едно мало дете.
На фотографијата долу се гледа огромен кратер, последица од тешкото бомбардирање.