• Latest

Бегалци од Македонија, добредојдовте дома!

July 3, 2018

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бегалци од Македонија, добредојдовте дома!

July 3, 2018 16:42
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Миграциите се вроден инстинкт кај секој човек! Се селиме, движиме, шетаме – мигрираме! Овој процес никогаш не бил нов за Балканските земји! Генерации на наши сограѓани мигрирале во минатиот век, втора генерација на Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Роми и други, се раѓаат вон Балканот! Патот до тие земји честопати им бил сличен ко на денешните мигранти – ирегуларен. Прашајте ги како патувале, на многумина рутата до Словенија им е иста ко на денешните мигранти и бегалци.  Миграциите продолжуваат и сега, но нашинците во ЕУ велат дека барањата за азил бавно им се разгледуваат но и одбиваат, па така сведоци сме честопати на депортациите кои ги вршат земјите од ЕУ на наши сограѓани. Бројот на повратници (returnees) е голем, а земјите од ЕУ најавуваат и побрза постапка на враќање.

Пишува: Мерсиха Смајловиќ

Македонија како и секогаш, неспремна за овој „феномен“, повратниците најчесто продале се, со надеж дека никогаш нема да се вратат, децата почнале во училиште па ни јазикот повеќе не го владеат. И, ете ги назад во Македонија како бездомници, во земја непозната за нивните мали деца кои штотуку тргнале во германските училишта.  А тек, за психолошкиот момент, депресијата, поради „неостварениот сон“ и „неуспехот“, е тука веќе тешко ми е да пишувам! Со овие случаи се соочуваме последната година.

Ова е само краток обид да им објаснам на моите сограѓани кои деновиве дозволуваат по илјадити пат да бидат манипулирани и излажани! Стравот владеел со нив 11 години, па сѐ уште не можат да ја почувствуваат слободата. Кога ЕУ зборува за сагата на бегалците да дојдат до неа и се става на една страна спроти „бранот“ бегалци, Македонија не е на страната од ЕУ туку на страната на земјите кои продуцираат бегалци. Илјадниците со кои ве плашат, не се бегалците од Средниот Исток или Африка, туку нашите сограѓани кои во изминатите 10 години ја напуштиле Македонија и побарале азил во Европа.

По повеќето параметри, Македонија е веќе безбедна земја и не постои причина поради која бараме азил во ЕУ. Македонија единствено не е безбедна земја за бегалците кои бегаат од војна и терор. Станавме „дом“ само за околу 40-те бегалци од Сирија, Авганистан, Пакистан и други земји, кои го изгубија животот тука и нивниот дом е почвата македонска. Бегалците и мигрантите кои транзитираат низ нашата земја и ден денес, се соочуваат со криминал, глад и незаинтересираност од државните органи! Истите органи кои се обврзале дека ќе ги почитуваат меѓународните договори, истите сега „се колнат“ дека за бегалците нема да важат истите! Го знаат тоа бегалците, затоа не постои сила ни закон кој ќе ги натера да останат во Македонија.  Бегалците се храбри и достоинствени луѓе, имаат право да бираат каде ќе им биде пребивалиштето! Милиони кои поминаа во 2015-та година, не ја избраа земјата која на нивна мака се збогати, го намирисаа „добредојдето“ во валканите возови! Затоа мои сограѓани, министри, политичари, слепи поддржувачи, бегалците ќе ги видите, не покрај вас во Македонија, туку до вас низ европските земји!

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бегалцимигрантичовекови права
Share161Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ