Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.
„Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести за работата на угостителите по 22 часот. Ние доставивме такво барање, ќе чекаме до новата седница на Владата кој е предлогот на Комсијата и ќе ги информираме засегнатите страни. Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. на крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство“, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
Бектеши најави и дека во втората половина на август, почеток на септмеври, Владата ќе излезе со уште една мерка – за поддршка на туристичките агенции.