• Latest

Бектеши на Преспа форум дијалог 2023: Сите земји од Западен Балкан треба да се третираат на ист начин од земјите на ЕУ

June 15, 2023
Кијив, 29 ноември 2026 (извор: ДСНС)

Студот – руско оружје на теророт: Над 1.960 дронови за една недела, жртви и разурнати домови во Украина

November 29, 2026

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Бектеши на Преспа форум дијалог 2023: Сите земји од Западен Балкан треба да се третираат на ист начин од земјите на ЕУ

June 15, 2023 14:42
in ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter
Меѓу бројните панели на меѓународната конференција „Преспа форумот за дијалог 2023“ во Струга  се одржа и панел дискусијата „Трасирање на патот кон просперитет: EcoFin стратегии за раст на Западен Балкан“, каде учествуваше заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, Александар Дамјановиќ, министер на Црна Гора за финансии, Ивана Живковиќ, помошник нa Генералниот секретар на Обединетите Нации, Анита Ангеловска-Бежоска гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи рече дека е важно да ги отклучиме сите инвестиции во Западен Балкан и да ги отвориме сите потенцијали, сега е вистинско време кога треба да го направиме ова бидејќи како регион немаме простор понатаму да одложуваме, туку треба да се фокусираме на енергија, безбедност и финансии.
Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека регионот треба понатаму да отвора можности за продлабочување на соработката и меѓусебната зависност.
„Треба да создадеме и поволна средина за спроведување на бизнис иницијативите кои ќе инвестираат во делот на енергетиката. Нешто со што се гордееме е либерализацијата на пазарот на електрична енергија, со што создадовме можност на приватниот сектор и сведоци сме на вистински бум во делот на барања за инвестиции во нови капацитети за производство на енергија од ветрот и сонцето. Во моментов сме во финална фаза да заокружиме три големи инвестиции во обновливи извори на енергија, со моќност од околу 1 GWH, со кои ќе се промени структурата на производството на електрична енергија и ќе се направи голем исчекор во зелената транзиција на Северна Македонија“, рече Битиќи.
Министерот за економија, Крешник Бектеши во неговото обраќање на панелот истакна: „Процесот на пристапување во Европската Унија е многу важен за целиот регион на Западен Балкан, секоја земја е во различна фаза, но треба да има јасна перспектива создавајќи посилни врски со институциите на Унијата. Зголемената регионална соработка е исто така од суштинско значење за да се искористат капацитетите за раст и развој на регионот.  Поддршката на ЕУ е добредојдена како поддршка за градење капацитети, пристап до финансии, вмрежување и отворање можности за партнерства со партнерите од ЕУ“.
“Ќе биде многу тежок пристапот кон ЕУ, затоа што ние не можеме да го направиме тој голем прогрес без поддршка од земјите на ЕУ. За граѓаните е важно да има еднаквост кон сите можности. Сите земји од Западен Балкан треба да се третираат на ист начин од земјите на ЕУ, тоа е клучно и за Република Северна Македонија. Ние не може да работиме само за да преживееме, но треба да создадеме и прогрес.
Нашите цели се стратешките сектори на кои им требаат структурни реформи, како и поддршка на двигателите за иновации, истражување и развој и бизнис врз основа на домени за паметна специјализација“, рече Бектеши.

Во нејзиното обраќање на панелот, помошник на генералниот секретар на ОН, Ивана Живковиќ, рече дека УНДП ги поддржува програмските земји да спроведат планови за постигнување инклузивен, издржлив и одржлив раст.

„Помошта за економиите на Западен Балкан за да ги постигнат Целите за одржлив развој, значи дека УНДП ги поддржува и нивните аспирации за пристапување во ЕУ. Концептот „Не оставаме никого зад нас“ носи инклузивен и одржлив економски раст, кој гарантира дека придобивките од економскиот развој ќе ги почувствуваат сите сегменти на општеството. Работата на УНДП во Западен Балкан помага да се осигура дека придобивките од инклузивниот раст се широко споделени и дека ветувањата од Зелената агенда и дигиталната трансформација стануваат реалност“, рече Живковиќ.
Гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, Ангеловска-Бежоска, изјави на панелот дека Преспа форумот треба да биде добра основа за тоа како ќе го подигнеме потенцијалот за раст за што се потребни структурни реформи за поддршка за основните двигатели, човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста.
„Повисоките странски инвестиции, вклучително и поголема и поефикасна интеграција во глобалните синџири на снабдување може значајно да го забрза регионалниот раст. Паралелно со ова, и развојот на дигиталната инфраструктура заедно со мерките за справувањето со климатските промени, се исто така клучни приоритети за подигнување на потенцијалот за раст на Северна Македонија“, рече Ангеловска-Бежоска.
Црногорскиот министер за финансии, Александар Дамјановиќ, ја подвлече важноста за посилна регионална соработка, отворени граници, подобра поврзаност која води кон еден заеднички пазар на Западен Балкан.
„Само така, шесте земји би биле поатрактивни за сериозни, кредибилни и големи инвеститори, и помалку ако секоја од нив делува индивидуално, особено кога станува збор за инвестиции во патната и енергетската инфраструктура. Промената е брза, глобалното опкружување претставува предизвик, задачите се сложени, и поради тоа мораме да се отвориме, да бидеме иновативни, да соработуваме, да си помагаме и да разменуваме добри идеи“, рече Дамјановиќ.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ