Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.
-Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.
Министерот за здравство Венко Филипче претходно изјави дека од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила.
Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.
Работното време на угостителите од 18 декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците