• Latest
Фото: Скриншот

Белград ги дочекува студентите од сите делови на Србија за утрешниот голем протест

March 14, 2025

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Белград ги дочекува студентите од сите делови на Србија за утрешниот голем протест

March 14, 2025 20:13
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Студентите кои дојдоа од повеќе градови во Србија да протестираат во Белград на 15 март се блиску до својата цел. Вечерва ќе им биде приреден дочек во центарот на градот. Студентите во блокадата на својата страница на Инстаграм објавија дека утрешниот протест во Белград ќе започне во 16 часот пред Собранието на Србија, пренесува Н1.

Локацијата на вечерашниот дочек ќе биде Теразија со почеток во 19 часот. Првиот пречек на велосипедистите е планиран да започне во 19 часот и 30 минути, а последниот групно пречек на пешаците е планиран во периодот од 21:45 до 22:45 часот.

Студентите од сите делови на Србија – вклучувајќи ги Крагуевац, Ниш, Трстеник, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Љиг – доаѓаат во Белград пеш или со велосипеди.

Поставените транспаренти се со пораки: „Пумпа“, „Економски тигар“, и истакнати српски знамиња и транспаренти на факултетите.

На студентите им се придружија бројни граѓани и група која за срpски ФоНет изјави дека се „воени ветерани на Србија“.

Ветераните најавуваат дека утре ќе дојдат во уште поголем број.

Блокирани за сообраќај се централните белградски улици околу Теразије и од Теразије до Славија.

Паралелно со студентскиот марш, околу Паркот Пионер, каде што „кампуваат“ таканаречените „студенти кои студираат“ беа паркирани и трактори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите.

Вучиќ нагласи дека протестот не е пријавен кај надлежните институции и дека државата ќе помогне во неговото обезбедување, но предупреди дека секој што ќе се обиде да го наруши јавниот ред и мир ќе биде уапсен.

– Секој што ќе нападне демонстранти ќе биде уапсен, а истото ќе важи и за учесниците на протестот кои ќе нападнат други граѓани или институции, рече Вучиќ.

Тој ги повика безбедносните служби да не применуваат сила без неопходност и додаде дека сите лица кои, како што рече, „планирале насилно влегување во институции“, ќе бидат уапсени.

Новинарска екипа на сплитскиот весник „Слободна Далмација“ денеска не беше пуштена во Србија, под образложение дека претставува безбедносен ризик, објави весникот на својот портал.

Екипата патувала за Белград за да известува од големиот студентски протест што е најавен за утре, пренесува Бета.

Според „Слободна Далмација“, српската полиција ги застанала на граница, ги издвојила настрана и им ги зела документите. Откако утврдила дека се новинари, им било врачено решение за забрана на влез во земјата.

Весникот, повикувајќи се на неофицијални информации, наведува дека и други новинарски екипи од Хрватска добиле забрана за влез во Србија, со цел да не известуваат за протестот.

Српската полиција во петокот му забрани влез во земјава и на словенечкиот новинар Марко Грегорац од ПОП ТВ, објави неговата колешка новинарка Жига Бонча на социјалната мрежа Х.

Ј. Ѓ.

Tags: БелградПротестстуденти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ