• Latest

Бегалците од Косово во Македонија најавуваат протести пред УНХЦР

February 23, 2016
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Бегалците од Косово во Македонија најавуваат протести пред УНХЦР

February 23, 2016 11:12
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Бегалците од војната во Косово, кои живеат во Македонија од 1999 година, најавуваат протести пред УНХЦР, затоа што не се задоволни од условите за живот. Тие велат дека во социјалната зграда за ранливи категории во Визбегово, покрај Скопје, се сместени 20 семејства и живеат околу 120 луѓе (некогашни „жители“ на Прифатниот центар за бегалци) од кои половината се деца. Има шеесеттина деца кои се на училишна возраст, но само десетина од нив, секој ден, пешки преку ниви, одат по пет километри на училиште во Шуто Оризари, бидејќи во Визбегово има само настава до четврто одделение.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=mwQ9AI5RHnE[/youtube]

Мусли Шаќири, координатор на Бегалскиот комитет на Роми, Египќани и Ашкалии од Косово кои се привремено сместени во Македонија, за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека иако живеат 16-17 години во Македонија, а нивниот статус сé уште не е решен. Тој бара од надлежните институции да им дадат документи и статус на жители на Македонија. Според Шаќири, кога ги добиле социјалните станови во Визбегово, им било усно кажано од Министерството за труд и социјална политика и од УНХЦР, дека ќе плаќаат електрична енергија во висина на паричен надоместок – „колку еден пакет цигари и запалка“.

Но, ветувањето не се остварило, бегалците од Косово кои се сместени во Прифатниот центар добиваат социјална помош од по 3.300 денари, додека оние што се сместени во приватни куќи, добиваат малку над 5 илјади денари. Речиси сите бегалци имаат проблеми со извршители поради заостанат долг за неплаќање на електрична енергија. Шаќири вели дека бегалците не може да плаќаат струја, затоа што добиваат социјална помош од околу 50 евра, а сметки за струја им доаѓаат по 100 – 150 евра. Тој додава дека има и бегалци кои не земаат никаков паричен надоместок од државата, веќе 2-3 години, поради бирократски процедури.

„Се знае дека оваа зграда е направена како пилот-проект, кој не е најдобро прифатен од наша страна, затоа што многу работи излегуваат на површина; скапа струја, влага, нерешен превоз на децата до училиште и назад, сé тоа се нерешени проблеми… И здравствената заштита, и уште многу работи што се однесуваат на оваа зграда. Надвор од зградата, во приватно сместување, луѓето имаат проблеми со сместувањето, поради доцнење на социјална помош која доцни два месеца и на режиските трошоци, за кирија, вода, струја и ѓубре, и останатите комунални такси. Имаат проблеми со газдите, има најава од луѓето кои се во критична ситуација, дека од сопствениците ќе бидат исфрлени на улица околу 20 фамилии кои се сместени на периферијата на Скопје, како што е Шутка. Ми најавија, затоа што сум нивен координатор и се викам Мусли Шаќири, дека во најскоро време дека ќе прават штрајкови. Штрајкови ќе има најверојатно пред седиштето на УНХЦР, затоа што тие се компетентни за нас сé уште. Сметаме дека не е доволно тоа што ни го дава Република Македонија, но тоа не значи дека не сме задоволни од Република Македонија и од нејзините граѓани. Затоа што Македонија не е Швајцарија, да ни ги исполни сите услови за да имаме еден нормален живот, нормална здравствена заштита, нормално образование за децата…“, ни рече Шаќири.

„Ни ветија уште во времето на Џељаљ Бајрами, поранешен министер за труд и социјална политика, потоа беше Спиро Ристовски и на крај министерот кој е во оставка (Диме Спасов)…,  сега е привремена Влада и затоа немаме на кого да се пожалиме и обратиме за олеснување на сите проблеми… Овде живее најзагрозената група на бегалци, тука сме сместени околу 120 жители, имаме околу десет хронично болни лица, од најмлада до најстара возраст, имаме околу 60 ученика кои започнале да одат на училиште кога беа на приватно сместување, а откако дојдовме овде на 24 октомври 2014 година, не се во состојба да продолжат со образованието. Одат на училиште само околу десетина најхрабри и најупорни деца и кои имаат можност родителите да ги однесат и да ги вратат од училиште, додека ние останатите не можеме поради болест да ги носиме и земаме од училиште, далеку е. УНХЦР ни рекоа дека даваат билети и дека им следуваат билети од 2 километри подалеку… ‘Да, господа од УНХЦР, им следуваат, ама немаме автобус’“, ни изјави Шаќири.

„Имаме повеќе проблеми, еве кадарот нека покаже, од овде одиме секој ден пешки до основното училиште ‘26 Јули’ и се враќаме повторно од тука. Но, додека ги носиме децата и враќаме дома, има кучиња, има ѓубре, еве, се гледа, и апелирам до сите организации кои можат да ни помогнат да ни дадат превоз да може овие деца да одат на училите“, изјави косовскиот бегалец, Нехат Бериша.

„И по 16 години, нашите очекувања се далеку од исполнети“, вели бегалецот Кадри Белани. „Ние сме разочарани, со психофизички пореметувања и постојано гладни. Зградата е малечка и полна со влага. Социјалната помош доцни некогаш и по три месеци. Особено се издвојува случајот, во кој лицето поради бирократски кошмари, социјалната помош ја чека веќе три години!“

Дехран Муратов

Биљана Еверет

Tags: бегалциВизбеговоКосовоМусли ШаќириРомиУНХЦРЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ